ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тричковски: Последниот македонски премиер

April 13, 2021 20:31
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

“Груевски не успеа да го компромитира граѓанскиот отпор. Заев успеа!”

Јас верувам дека Милчин не сакал да го каже тоа што го напишал.

Во статусот е содржан хендикепот што им е заеднички на сите луѓе со плитка мисла и голема амбиција.

На сите умислени типови.

Кои во ловот на ефекти ја убиваат смислата.

Груевски, на крајот, значи по многу време, во кое успеваше да го компромитира граѓанскиот отпор, падна. Но, во меѓувреме, успеа да направи пустош од кој и денеска, а и утре нема да можеме да се оправиме. Мислам дека не беше свестен дека во тие компромитации, истовремено, зрееше не само неговата власт, туку и идејата на отпорот, на вољата, на страста за промени, идејата што се ширеше меѓу луѓето и првеше цели структури на гневот и пробивот. Неговиот пад не беше само победа на граѓанскиот отпор, зашто отпорот е сепак нешто дефанзивно, туку и победа на граѓанскиот активизам чија круна беше Шарената револуција. Само тешка злоба или обична будала може да каже дека Заев успеал да го компромитира граѓанскиот отпор. Подвиг во кој Груевски не успеал. Во зависност од погледот, тоа би можело да се означи како голем успех на премиерот. За тие што го обвинуваат за диктаторство и режимски  апетити, успехот на Заев во компромитацијата на граѓанскиот отпор би бил страшен пораз. Јас не се сеќавам на премиер, вклучувајки го тука и Груевски, кој се среќавал со порасширени и многузначни форми на граѓанскиот отпор, вклучувајки ги тука и најодвратните деструктивни, разнебитувачки и самоуништувачки налети на вмро-дпмне и нејзините сателите од кои еден  врти во орбитата над Македонија под името Милчин, друг под името Кикифрики итн. Голема турканица е над екваторот на македонската злоба и стрв. Во драматичен распоред на политичките сили во формална и, особено, во неформална смисла, Заев води политики кои, се разбира, можат и треба да се критикуваат, макар што јас мислам дека се доближува, а во некои аспекти и ги надминува максимумите на македонските перформанси во сите сфери. Во таа смисла компромитацијата не може да се однесува и на отпорот кој заврши со негова инаугурација. Но, да се каже дека го компромитирал граѓанскиот отпор кој во еден голем дел е претворен во кокошарник со пердувести птички кои висат на оградите на фејсбук и по радиоактивните портали и телевизии и не престануваат да го разоруваат, не Заев и неговата влада, туку општеството, со катастрофални и мене ми се чини, непоправливи последици, со неверојатна продукција на афери од асортиманот на специјалните војни, димензионирани според потребите на деструкцијата, а не на изградбата, тоа е поразителен факт. Заев, се разбира, може утре да падне, но ако е алтернативата тоа за што се залага Милчин, конфигурирана така како што е конфигурирана таа заложба во сите свои нијанси, се плашам дека човекот од Муртино ќе остане забележан во историјата како последниот македонски премиер.

 

 

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Арјанит Хоџа : Најостро ги демантирам изнесените навреди и лаги, ќе продолжам и понатаму да работам чесно и транспарентно

НАЈНОВО

ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент со извештај за Локалните избори

October 20, 2025

Дел од Центар без струја

October 20, 2025

Интервјуирање кандидати за судија во судот во Стразбур

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три кандидати за градоначалник и девет листи за Совет во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk