ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пет години и некој ден потоа

April 14, 2021 11:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ

Пред шест години ова време некаде, почина Гинтер Грас. Германски писател, Нобеловец, автор на (меѓу останатите бројни дела) драмата: Плебејците пробаат востание, во која ја критикува улогата на режисерот Бертолд Брехт и целиот берлински театарски ансамбл во Востанието на работниците во Источна Германија од 1953 година. Ова го пишувам и од почит за Грас и затоа што за време на сите тие наши демонстрации на улиците, сведочев како Плебејците пробаат (и прават) востание.

Пред пет години и некој ден, во Скопје започна протестно движење испровоцирано од одлуката на Ѓорѓе Иванов да ги аболицира сите осомничени од СЈО и со тоа да ја заштити и зачува автократската, националистичка и целосно недоприлива за било кој вид на правда влада на ВМРО ДПМНЕ.

Првите неколку вечери од протестите имаше судири со полицијата и постоеше опасност степенот на насилство на кој беше спремен режимот, да ги демотивира и исплаши граѓаните, а со тоа и да замрат протестите и власта да продолжи непречено да владее, местејќи ги сите наредни избори, се додека не се распаднеа како структура сами од себе. Секој недемократски режим инвестира во својата способност да врши насилство врз непослушните граѓани. Кај нас таа инвестиција беа „желките“ и разни посебни единици на полицијата. При директен, насилен судир на граѓаните со тие формации микроскопски се шансите неопремениот, необучен и ненаоружан граѓанин да избори победа. Затоа, движењето го замени насилството со боја врз симболите на Грујовата власт и преку долги, мачни и често тензични разговори и договори меѓу многуте организации, групи и политички партии успеа да создаде консензус околу начините на ненасилно протестирање и (најбитно) целите на протестното движење кое веќе си доби и име Шарена револуција.

Вчера, на петтата годишнина од Револуцијата а и денес, на пет години и еден ден од првиот повик Пред СЈО во шест, се разви дискусија за тоа колку и дали се исполнети барањата и целите на Шарената. Мислењата се најразлични, од разочараност и огорченост, преку индиферентност и апатија, па се до нескриено задоволство. Мене лично најмногу ми се допадна еден статус на Фејсбук: Шарената револуција беше фантастична, тешко дека ќе направи некој боља.

Она што приметив (колку што можев да приметам во хаосот на социјалните мрежи, портали и медиуми) дека никој не се наврати на тоа кои биле целите на Шарената, а знам дека постоеа точно дефинирани и набројани барања. Затоа, прочепкав низ колективната онлајн меморија, ги најдов и мислам дека сите заслужуваме да ги видиме уште еднаш. Значи, барањата на Шарената револуција беа следните:

  1. Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
  2. Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
  3. Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
  4. Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
  5. Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
  6. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
  7. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
  8. Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

За разлика од многу иницијативи, протести, групи и движења во кои учествував и како организатор, во Шарената бев главно учесник и помагав колку можев. Не бев дел од „координациите“ но давав се од себе за процесите да успеат и да не се пропшушти можноста по толку години борба и трпење на „долгата рака на ВМРО“, да донесеме промена во општеството.

Кога повторно ги гледам барањата, освен тоа што Хорхе остана во вилата на Водно до 2019, барањата беа исполнети. И секој учесник во Револуцијата може, за оној точно определен и временски ограничен период од нашата нова историја наречен Шарена револуција, да биде задоволен. Шарената револуција беше успешна и во артикулирањето на граѓанските барања и во нивното спроведување. И исто како што се создаде таа Шарена коалиција, така и се распушти и сите групации и поединци кои беа дел од неа продлжија секој по својот пат.

За крај, за мене лично има три огромни продобивки кои Шарената ги посочи како нужност и кои го скршија деценсикото статус кво кое постоеше околу нив.

Првата придобивка е слободата. Таа прекрасна и тешка одговорност кон нас самите ја сметам за врвен дострел на сите протестни движења заклучно со Шарената и за да не преминам во нејзино поетизирање, тука ќе запрам на тема Слобода.

Втората придобивка е подотворувањето на капиџикот меѓу комшиите. Национализмот престана да биде официјален и доминантен светоглед и алатка за подјармување на политичарите. Патот тука е се уште долг (Ромите се уште се екстремно маргинализирана заедница!) и неизвесен, но, како то реков – подотворен е капиџикот има простор и желба да се подобруваат состојбите.

Третата придобивка е кршењето на најкоравото, најцврсто и најкриминално правило кое беше табу и да се спомне во самостојна Македонија (а и претходно) – неказнивост на политичарите и високи функционери. Со години гледавме како си се менуваат владите, се нижат криминалите и никој за тоа не одговара. Е, сега, се чини дека тоа табу е скршено. Политичката и економската моќ веќе не носат со себе амнестирање од криминалот и азил од правдата, штом еднаш се скрши тоа правило, нема веќе лепење. И мислам дека сите политичари и бизнисмени полека сфаќаат дека овие истраги и пресуди кои ги сведочиме деновиве, се реална можност за секој оној кој згрешил, греши, или ќе згреши, без оглед на статусот во општеството. Долго време требаше да се дојде до ова, ама ете – тука е.

Тоа е, мои другари и другарки од борбата. Тоа за што се здруживме да го направиме – го направивме и никој нема право да го оспорува тој подвиг. Има и ќе има секакви коментари, клетви, пцости и навреди, ама се чини такви се сега времињата, секој има можност да каже што сака и да гледа на работите како што сака. Јас исто.

Чувајте се.


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Volodymir Zelensky at "The Ukraine Recovery Conference" Photo source: New Europeans People’s Forum

New Europeans People’s Forum: Детали од Конференцијата за обнова на Украина во Рим

July 11, 2025

Јапонија не попушта пред заканите на Трамп за царини: „Нема да дозволиме да бидеме искористени“

July 11, 2025

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk