ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Рашковски поднесе оставка, максимум 300.000 денари за комплексно лекување од Ковид-19 во приватни клиники, и во услови на пандемија зголемен приходот од царините

April 14, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Фото: Фејсбук профил од Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Драги Рашковски во објава на Фејсбук изутринава напиша дека се повлекува од функција Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата на С. Македонија.

Владата синоќа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од Ковид-19. Со нив и се дава законско овластување на Владата да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на ФЗО. Филипче најави цена од максимум 300.000 денари за комплексно лекување од Ковид-19 во приватните клиники.

Во 2020 година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и други надоместоци е повисок за 4,8 отсто во однос на планираното. Овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, со своето високо професионално и чесно работење царинските службеници и Царинската управа на Република Северна Македонија се покажа како сериозен и еден од најголемите учесници во полнењето на Буџетот на нашата земја, вели Премиерот Заев по повод 29 години од Царинската управа.

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно вчера соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство.

 Денеска имаме повторно еден тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Европратеникот Андреас Шидер предлага да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓаат Северна Македонија и Бугарија околу историските прашања. Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега, можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ кои немаат инволвираност во регионот да помогнат да се стави прашањето во научна рамка, изјави Шидер

Движењата кај основните макроекономските параметри се поволни и без поголеми отстапувања во однос на очекувањата кога се уште постојат неизвесност и ризици од пандемијата предизвикана од Ковид-19, оценува Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

М. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царинската управа, одбележува 29 години постоење

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk