ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Макроекономските параметри поволни и без поголеми отстапувања во однос на очекувањата

April 14, 2021 10:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Движењата кај основните макроекономските параметри се поволни и без поголеми отстапувања во однос на очекувањата кога се уште постојат неизвесност и ризици од пандемијата предизвикана од Ковид-19, оценува Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

На седницата, одржана вчера, е одлучено каматната стапка да се задржи на ниво од 1,25 проценти, а денеска на аукција ќе бидат понудени благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

– Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,25 проценти, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. На седницата беше оценето дека ослободената ликвидност изминатата година од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари, се вели во денешното соопштение од Народната банка.

Во последниот квартал од 2020 година е забележано забавување на падот на бруто домашниот производ согласно очекувањата и тој е сведен на 0,7 проценти, а падот на економијата во 2020 година е 4,5 проценти и е близу до проектираниот.

– Тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот јануари ‒ февруари 2021 година упатуваат на продолжени ефекти од здравствената криза врз економската активност, коишто може да се поврзат и со појавата на третиот бран на ковид-19, што предизвикува натамошна воздржаност на економските субјекти, одразувајќи се и врз динамиката на економското закрепнување, наведува Народна банка.

Во однос на инфлацијата за периодот јануари ‒ март 2021 година, ценовните промени се во согласност со очекувањата според последната проекција на Народната банка, но нагорните ревизии на надворешните влезни претпоставки упатуваат на умерено нагорни ризици за проекцијата на инфлацијата за 2021 година од 1,5 проценти.

Девизните резерви се на соодветното ниво. Во првиот квартал од годинава е остварен висок раст, што главно се должи на издавањето на новата државна еврообврзница во март. Најновите податоци од надворешниот сектор заклучно со февруари годинава упатуваат на можност за остварување трговски дефицит главно во согласност со очекувањата за првото тримесечје, а воедно и последните податоци за менувачкото работење се во согласност со очекувањата од последната проекција.

Според првичните податоци за март, продолжува зголемувањето на депозитите и на кредитите, при што годишниот раст на депозитите е над проектираниот за првиот квартал од годинава, додека кредитниот раст е во рамки на проекциите.

Ликвидноста на банкарскиот систем во денари е на релативно солидно ниво, за што потврда е и отсуството на потреба кај банките за тргување на пазарите на пари, додека на меѓународните финансиски пазари задржани се очекувањата на инвеститорите за солидно закрепнување на економскиот раст на глобално ниво.

извор: МИА

Next Post

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk