Европската агенција за лекови (ЕМА) планира следната недела да издаде мислење за случаи на згрутчување на крвта кои можат да бидат поврзани со вакцината против коронавирус на Џонсон и Џонсон, јави ДПА.
„Ревизијата ќе биде забрзана“, соопшти денеска агенцијата во Амстердам. Додека не се донесе одлуката, вакцината може да продолжи да се користи без ограничувања.
ЕМА повтори дека „придобивките од вакцината за спречување на Ковид-19“ ги надминуваат ризиците од несакани ефекти.




