ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Собранието треба да се деблокира на секое ниво, без условувања и ултиматуми

April 14, 2021 18:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Петтиот пакет антикризни мерки утре нема да се најде пред пратениците. Собранието ќе ја продолжи 32 седница, а за натамошната динамика на работата ќе има доплнителна координација.

Ова е заклучокот од попладневната координативната средба кај претседателот на законодавниот дом Талат Џафери на која присуствувале координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставник на политичката партија Левица.

Џафери ја свика координативна средба во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од пет месеци, што беше навестено во изјавите на сите политички чинители изминативе денови.

Координаторите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ на ссредбата го известиле претседателот на Собранието за кои точки е постигната согласност за деблокирање.

– Претседателот нагласи дека не смее да има приоретизирање на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии се договориле за тоа надвор од Собранието. Работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со КОВИД – 19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието, а не само законодавниот процес. Претседателот нагласи дека праксата на условување не оди во прилог никому. Претседателот е одговорен за почитување на Уставот и Деловникот, за зачувување на дигнитетот на Собранието. Собранието е државна институција, треба да се работи на тој начин и во работата не смее да има ултиматуми, наведуваат од кабинетот на Талат Џафери.

По повлекувањето на многубројните амандмани поднесени од дел од опозицијата, собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги прифати законските решенија од петиот пакет антикризни мерки.

Предвидено е фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки да можат да аплицираат до 30 април годинава. Поради доцнењето на усвојувањето на мерките, прифатен е едногласно и амандманот на Законот за финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност за месеците февруари и март, по скратена постапка, како и на законот за финансиска поддршка на работодавачите.

Од Собранието засега нема информација кога ќе бидат одржани седниците на кои треба да бидат усвоени овие законски решенија од петиот пакет антикризни мерки.

Согласно заклучокот од денешната координација кај Џафери, пратениците утре ќе ја продолжат расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021-2025.

Денешната расправа по оваа точка од 32 седница траеше околу еден час, по што претседателот на Собранието ја прекина седницата поради процесот на имунизација на собраниските служби. Продолжението е закаќано за утре во 13 часот.

извор: МИА
Next Post

СЗО: Епидемиолошката ситуација на Западен Балкан е многу сериозна

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk