ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Мора да прогласиме заеднички успех со Бугарија оваа година

April 15, 2021 14:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наши најголеми поддржувачи треба да бидат нашите соседи, бидејќи тие имаат најголем интерес од една европска, блиска, предвидлива Северна Македонија. Убеден сум дека за да бидете блиски мора да го почитувате другиот, и тоа почитување секако вклучува дека идентитеските прашања и прашањето за Македонците, за македонскиот јазик се прашања за македонскиот народ.

Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Виена со австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека по изборите во Бугарија ќе има напредок во решавањето на билатералното прашање.

-Се конституираше Парламентот во Софија и мислам дека нам ни треба еден вид стратешко трпение да видиме да се формира тамошната Влада. Излегувањето на процесот од шините не ни е во интерес ниту нам, ниту на Бугарија, ниту на регионот, ниту на Европската Унија. Ќе работиме на тоа, ќе растеме заедно, немаме многу време на Балканот, рече Димитров.

Изборите во Бугарија, оцени Димитров, покажаа дека за овој тип на прашања, а партијата којашто посебно стави фокус на ова прашање, а не успеа да влезе во Парламентот, општествата на Балканот понекогаш излегуваат позрели од политичките сили. -Доброто е што политичките сили мораат заради природата на политиката и демократијата да ги следат своите општества, рече Димитров.

Според него, влогот е многу голем, и мислам дека и европска Бугарија и европска Северна Македонија и регионот ако сме мудри можеме да прогласиме заеднички успех дали за неколку месеци, во секој случај во оваа година, бидејќи успехот е стратешки императив оваа година и за ЕУ и за нашиот регион.

-Не може државите да признаваат јазици. Прашањето на јазиците е прашање на самоопределување  и е многу внатрешно прашање. И во таа смисла не е на линија на Лисабонскиот договор и на Повелбата на ЕУ за основни права ако било која земја членка на една европска нација можеби мала, но важна, во 21 век да прашува, предизвикува дали нашиот јазик е наш јазик, или не е наш јазик. Македонскиот јазик беше официјален јазик и во поранешна Југославија, тој е признаен и во ОН и тоа е прашање за нас. Пријателството мора да подразбира почитување на достоинството на другиот. Ама ќе стигнеме и до таму, заклучи вицепремиерот Димитров.

Претходно, на прес-конференцијата австриската министерка Едштадлер рече Северна Македонија е кандидидат за членство за пример и оти нема разбирање за бугарската блокада кон европската интеграција за земјава, апелирајќи да ја отстрани.

Димитров денеска во Виена треба да има  средба и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Посетата на Виена е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров низ главните градови на земји членки на ЕУ.

извор: МИА

Next Post
фото: Dimitris Vetsikas / Pixabay

Скопјани дишат чист воздух и во првиот квартал од оваа година: Праволиниски пад во првите три месеци на нивното на ПМ10

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk