ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Динамиката на имунизација согласно расположивоста на вакцини, најголем притисок се очекува пред летните одмори

April 15, 2021 12:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека ниту една вакцина не е фрлена од почетокот на вакцинацијата, иако на закажаните термини во просек не се јавуват околу 20 отсто од лицата.

-Тоа што се прави е да се планира уште колку луѓе се закажани, се отвара помала количина на крај на работниот ден, не само во салата Борис Трајковски туку и во пунктовите и така се аплицираат вакцините. Значи ниту една вакцина не останува неискористена или фрлена, вели Филипче на новинарско прашање по посетата на салата „Борис Трајковски“ каде тече имунизацијата согласно планот.

Во однос на динамиката на вакцинацијата, посочи дека ќе се прилагодува согласно расположливоста на вакцините, а според поставеноста на системот може да дојде и до 10 000 вакцинации на ден. Очекува да продолжи интересот кај повозрасните за вакцинација, а најголемиот притисок од сите останати се очекува пред летните одмори.

-Ова е план што го направивме за да означи почеток на процесот на имунузација и започнавме со некаде околу 700 до 800 термини во текот на денот, без салата Борис Трајковски, а сега во тие пунктови се одвива вакцинација со околу 1500 на ден. И тоа се пунктовите низ државата, се уште со можност  термините да се згуснат и бројот на вакцини да се зголеми. Тука во салата Борис Трајковски нешто помалку од вообичаените 2500 на ден, поради тоа што очекуваме постари лица исто како и во пунктовите, кои почесто доаѓаат со придружба итн. Така да во смисла на динамика согласно расположивоста со вакцините, сега како што е поставен системот може да се постигне за многу кратко време, веднаш кога ќе бидат вакцините на располагање динамика од 7-10 000 вакцинации на ден, дополнително на ова во местата на вакцинација ширум државата. Тоа што ние очекуваме, какви се нашите предвидувања – сега има интерес и така треба да биде, и се надевам дека ќе биде се поголем за пријавување од постарите лица. Некаде пред летните месеци и притисокот од сите останати кои сакаат да патуваат, меѓутоа согласно оваа динамика на пристигнување на вакцините, мислам дека тоа ќе биде на задоволително темпо, рече министерот Филипче.

извор: МИА

Next Post

Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од ковид во приватните болници

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk