ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Ги бараме најдобрите млади луѓе со кои ќе избориме против корупцијата

April 15, 2021 17:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ги бараме најдобрите, најдобрите млади, но и искусни луѓе, кои имаат кредибилитет, имаат капацитет, кои ги имаат сите вештини, компетенции, кои се целосно растоварени, кои сакаат заеднички со нас најнеселективно и најодговорно да се зафатиме со работа и да одработиме и да ја вратиме довербата на граѓаните, на младите во институциите и да се избориме против ова зло, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање за ангажирањето десет нови луѓе во неговиот кабинет.

Тој истакна дека неговиот кабинет во Владата не е парален систем, ниту пак тој води ресор, туку има само координативна улога на институциите и се исклучитечно мал тим од кој граѓаните имаа големи очекувања.

– Овој тим го донесе Планот за борна против корупцијата со 18 системски мерки и политики за кој ќе правиме постојан притисок врз институциите во рамки на роковите да ги имплементираат обврските. Планот за борба против корупцијата е правен на база на сите меѓународни извештаи, пред се Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија од страна на ЕК, извештаите што ги имаме од САД, од „Транапаренси“. За креирање на тој план отворивме широк фронт со невладините организации, регулаторните тела и сите останати, новинарите, медиумите, буквално се што сметавме дека е битно и значајно во оваа битка, бидејќи е генерациска и е историска и неа не можеме сами да ја добиеме, подвлече вицепремиерот Николовски по средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Николовски додаде дека во тимот се само неколку луѓе и не се Министерство и не е целта да прераснат во Министерство, туку бараат десет луѓе кои се најдобри, кои имаат најдобри резултати и просеци од студирањето и кои имаат серизона желба и порив да направат нешто добро за оваа македонска земја.

– Ветувам дека ќе ги избереме најдобрите и заеднички ќе направиме се во мандатот којшто ни е даден од граѓаните да покажеме сериозни резултати и да ја вратиме довербата, потенцираше Николовски.

На крајот во одгворот на прашањето рече дека битката против корупцијата треба да се води доколку се одработи чесно, одговорно, посветено и така како што се обврзале пред граѓаните.

извор: МИА
Next Post

Шведска ги зголеми трошоците за пандемијата на 50 милијарди долари

НАЈНОВО

ВИ

Розови таблички за возилата: Франција воведува нова боја за привремена регистрација за да спречи измами

October 31, 2025

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk