ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството не може да доброи колку фирми и трансфери со црни пари имал Камчев

April 15, 2021 14:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Империјата на Орце Камчев градена преку даночни затајувања, офшор компании и финансиски малверзации, од ден во ден се повеќе се распаѓа. Слободен печат неофицијално дознава дека целото досие за пирамидата на Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време сите да се проверат и истражат. Целиот процес го отежнуваат големиот број трансакции, многуте фирми кои Камчев ги има низ странски држави, пред се оние во офшор дестинациите. Оттаму, никој не знае уште колку ќе трае вештачењето на доказниот материјал со оглед на неговата обемност. Јавното обвинителство во чија надлежност е сега предметот, после вештачењето се очекува да покрене обвинителен акт, пишува Слободен печат.мк.

„Империја“ е предмет во кој се истражува финансиски криминал на Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие, како што соопшти своевремено СЈО, ќе се гонат поради сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Но, додека се чека целата империја на Камчев и партнерите да биде официјализирана со обвинение, Јавното обвинителство направи издвојување на предметот „Плацеви на Водно“ како посебен предмет, предметот поради кој Камчев е во притвор.

Имено, Никола Груевски како претседател на ВМРО ДПМНЕ во еден момент престанал да ги пријавува донациите на партиските членови кои ги давале во готово во партијата. Така Груевски успеал да обезбеди 1,3 милиони евра од сопартијците кои мислеле дека донациите ги даваат за ВМРО ДПМНЕ, а не лично за Груевски. Но, тој решил со тие пари да купи имот на Водно, па затоа на помош му пристапиле Мијалков, Камчев и кумот Ристо Новачевски.

Преку фирма регистрирана на Белизе осомничените отвориле фирма и во Скопје и така се обиделе да го сокријат потеклото на парите, односно да ги исперат преку купување атрактивни парцели над Скопје. Со оглед дека сите знаеја оти обрачот околу Камчев се стега и дека правдата наскоро ќе го стигне, тој лично, според тврдењето на Агенцијата за национална безбедност, се обидувал да најде начин како да замине од државата. Но, Јавното обвинителство го пресретна и побара притвор, по што судот му определи 30 дена, кои пред неколку дена му беа продолжени за нови 30.

Не смее да се заборави фактот дека Камчев во една прилика за да излезе од притвор му понуди на судот неверојатни 14 милиони евра, што е уште еден показател дека поседува пари и дека лесно може да замине, а со толку пари многу држави би му отвориле врата.

Главна фирма на Камчев низ годините му беше „Орка Холдинг“, преку неа тој улетуваше во многу бизниси, но секогаш во јавноста се известувало за сомнежи при неговото работење. Тој дури се обиде да влезе и во медиумскиот бизнис преку МПМ, весниците „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“. Пред да започне штрајкот на новинарите во овие редакции, соочени со неземени плати, во сопствеништвото на „Графички центар“, инаку сопственик на МПМ, влегува и „Орка холдинг“ и „Интернет инвестмен груп“ на Јана Станисављева, а фирмата ја имаше наследено од српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

Целото експресно менување на сопствеништвото врз весниците, во толку краток период, го засили незадволството во редакциите каде што се намалуваа платите, се отпуштаа работници, или едноставно како намерно да се одеше кон тоа весниците да пропаднат.

Фирмите на Камчев и на Станисављева влегоа во структурата на „Графички центар“, но пред распадот на медиумите, тие заминаа, но останаа прашањата за улогата на Камчев во овој медиумски бизнис. МПМ беше и под лупа на СЈО, дури еднаш извршија упад во компанијата за да проверат одредени сознанија за криминал. Последните две до три години медиумите не објавиле дека нешто се случило со проверките во МПМ и дека таму има некој случај.

Но, империјата на Камчев не започнува да се гради со МПМ, туку уште пред 17 години, кога прв пат државата се посомневала во активностите на Камчев. Тој преку три фирми „Хилдебранс ДООЕЛ“, „Наска“ и „Текс-текс“ правел поврат на данок врз основа на фиктивни фактури. Тогаш Јавното обвинителство имало отворено предмет за лажен стечај и фалсификување службена исправа.

Неколку години подоцна, кога во јавноста беше актуелен скандалот со 90 илјади воени униформи одново се појавува неговото име. Тогаш Управата за јавни приходи го пријави Камчев, како извршен директор на „Орка холдинг“ дека ја оштетил државната каса за пет милиони евра. Овој предмет се врзува со испорака на униформите кон американската фирма „Глобал Фајненс Груп“, која била во сопственост на Камчев. Потоа, во 2007 година, името на Камчев се појавува во медиумите во врска со плацот зад „Рамстор“ во Скопје. Тогашната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ на јавноста и презентираше странски инвеститор за земјиштето преку фирмата „Резидор хотел груп“, но новинарите открија дека фирмата била регистрирана пред самото јавно наддавање за парцелата и дека таа компанија има реалции со „Орка холдинг“.

Пред 15-тина години на Камчев му биле откриени една фирма од Лугано, но и неколку во САД преку кои биле трансферирани пари. Понатаму, и во позадина на денешните големи бизниси на Камчев стојат сомнителни фирми. На пример, основачи на фирмата „Аџибадем Систина“ се „Хоспитал менаџмент груп“ од САД и „Груп хоспиталс Корп“ од Панама. Основачи на фирмите „Мала Богородица ДООЕЛ“ се „Центоком“ и „Глобал фајнанс Груп“ од САД. Со години се правеле трансакции и зделки со овие фирми. Потоа, исклучок не е ниту фирмата „Ексико“ зад која стојат три фирми од САД и Швајцарија и тоа „ Калвус“, „Т&M инвестмент“ и „Делта инвестмент“.

Токму „Ексико“ е фирмата која ја откри Специјалното јавно обвинителство. Но, на империјата на Камчеви никогашне можел да им се најде крајот, затоа што во последните десетина години, името на Орце Камчев се споменува и во криминалот со „Графички центар“, „МПМ“, „Мериот“ и уште многу други компании преку кои се пренесувале и се криеле пари.

Затоа и се смета дека предметот „Плацеви на Водно“ е прв во низата случаи кои ќе се отворат преку судските процеси кои го очекуваат Камчев.

Next Post

Димитров: Мора да прогласиме заеднички успех со Бугарија оваа година

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk