ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Предвидениот станбено-деловен комплекс спроти Холидеј Ин продолжува да ја бранува јавноста

April 15, 2021 20:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден, коинвеститорите „МГ ФЕШН“ и Македонската православна црква (МПЦ), одржаа презентација на нивниот план за градење на просторот спроти хотелот Холидеј Ин. Овие два инвеститора кои имаат право на сопственост врз овој простор во централното градско подрачје, преку својата презентација информираа за планираниот станбено-деловен комплекс кој треба да никне на местото на сегашниот паркинг простор.

Согласно презентираното, планирано е да бидат изградени три кули од 16, 20 и 22 ката и тоа на парцелата 1.1. На преостанатите две парцели – 1.2 и 1.3 од ДУП-от за Голем ринг јужен дел – исток, оставена е можноста и за градење на кули високи до 60 ката. Инвеститорите информираа дека истите преку ангажираните архитекти автори ја имаат намалено катноста на објектите од максимално дозволената и го имаат надминато прагот на минимум зелени површини кои се предвидени согласно законските одредби.

Фото: Огнен Бошњаковски

Од друга страна, истиот ден кога беше објавен нацртот за тоа како ќе изгледа дел од сегашниот паркинг простор во строгиот центар на главниот град, група на невладини организации и универзитетски професори излегоа со јавно писмо упатено до премиерот Зоран Заев, во кое повикуваат да не се дозволи бетонизација и на овој дел од центарот на Скопје.

Денес, исто така, дел од жителите кои живеат во близина на идното градилиште, во т.н. Ново Маало, излегоа со свои видувања и пред јавноста ги презентираа субстандардните услови во кои истите со години живеат. Иако се наоѓаат во можеби најурбаната скопска општина, сепак истите долги години егзистираат во услови кои се далеку од соодветните за таква ударна локација. Овие граѓани изјавија дека се свесни дека планираното од страна на „МГ ФЕШН“ и МПЦ не ги опфаќа двете парцели на кои сега се наоѓаат нивните живеалишта, но сепак се надеваат дека со отпочнувањето на градба таму, потенцијален инвеститор ќе се јави и за преостанатите непосредни парцели.

Прес-конференција на жителите од Ново Маало/Фото: О. Бошњаковски

Истовремено, други претставници на архитектонската професија денес излегоа со јавна поддршка на објавениот план и нацрти и потенцираа дека она што е планирано да се изгради е во тек со најновите правци во светот во оваа област. Дополнително, денес се одржа и седница на Советот на Општина Центар, која беше прекината, а на чиј дневен ред, меѓу другото, беше и точката за суспензија на планот за градба на висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин.

Во очекување на исходот од продолжувањето на оваа седница и по фактот дека комуналиите се веќе уплатени во касите на Општина Центар и Град Скопје, останува нејасно што ќе следи како одлука од страна на надлежната општина, но и ресорното министерство – Министерството за транспорт и врски.

И. Дургутов

фотографии: Огнен Бошњаковски

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Вечерен преглед: Четирите пакети економски мерки ги намалија негативните ефекти од кризата, предвидениот станбено-деловен комплекс спроти Холидеј Ин продолжува да ја бранува јавноста, нема повеќе расипничко трошење на народните пари

EVN

НАЈНОВО

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

Бојан Маричиќ избран за претседател на Државната изборна комисија

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk