ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Четирите пакети економски мерки ги намалија негативните ефекти од кризата, предвидениот станбено-деловен комплекс спроти Холидеј Ин продолжува да ја бранува јавноста, нема повеќе расипничко трошење на народните пари

April 15, 2021 20:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Битиќи, како што соопшти неговиот Кабинет, се осврна на реализација на четирите пакети економски мерки и посочи дека тоа што мерките се креирани во инклузивен процес, преку консултации со сите засегнати чинители, придонесе да истите бидат реализирани со исклучителен успех, при што анализата на реализацијата покажува дека 87 отсто од мерките се реализирани, што пак влијаеше на тоа да се минимизира негативниот ефект врз економијата.

Во текот на вчерашниот ден, коинвеститорите „МГ ФЕШН“ и Македонската православна црква (МПЦ), одржаа презентација на нивниот план за градење на просторот спроти хотелот Холидеј Ин. Овие два инвеститора кои имаат право на сопственост врз овој простор во централното градско подрачје, преку својата презентација информираа за планираниот станбено-деловен комплекс кој треба да никне на местото на сегашниот паркинг простор. 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска од Валандово порача дека со Одлуката на Владата за ограничување на користење на угостителски услуги за функционерите нема повеќе расипничко трошење на народните пари, како што било случај со поранешната владина гарнитура

Република Северна Македонија е членка на НАТО и нејзиниот територијален интегритет и стабилноста на земјата е забетонирана еднаш засекогаш. Тоа е придобивката од нашето членство во НАТО Алијансата, и за нашата територијална безбедност, и нашиот територијален интегритет не се грижиме само ние туку сите членки на НАТО.

На Владата ќе и предложиме законски измени во делот на поднесување на системот на анкетни листови и изјави за судир на интереси, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање од МИА за проширување на обврската за поднесување анкетни листови.

Собранието треба да има контрола над процесот на пристапување и да изгради национален консензус околу преговарачките позиции. Со новиот деловник кој треба да се усвои во рамки на Жан Моне дијалогот покренат на иницијатива на ЕП, се очекува да се надминат проблемите во функционирањето на Собранието и да се спречат идните злоупотреби на собраниски процедури, коишто понекогаш се прават и заради партиски интереси.

„Ние немаме отворени етнички прашања, што е добро. Од 2016 година наваму етничките прашања ги нема на дневен ред и така се обидуваме да остане. Некој ги користеше етничките тензии во минатото за да владее, а ние ги разговараме и ги затвораме.“- изјави генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во „Анализа 24“ на телевизија 24.

Next Post

Зеќири за акцијата „Двојник“: Секој што се огрешил пред законите ќе одговара

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk