ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Конференција: Собранието треба да има контрола над процесот на пристапување и да изгради национален консензус околу преговарачките позиции

April 15, 2021 17:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието треба да има контрола над процесот на пристапување и да изгради национален консензус околу преговарачките позиции. Со новиот деловник кој треба да се усвои во рамки на Жан Моне дијалогот покренат на иницијатива на ЕП, се очекува да се надминат проблемите во функционирањето на Собранието и да се спречат идните злоупотреби на собраниски процедури, коишто понекогаш се прават и заради партиски интереси.

Ова беше истакнато на денешната онлајн конференција организирана од Институт за демократија во соработка со Фондација Конрад Аденауер насловена “Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”

Според Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија, во постојната преговарачка структура која Владата ја развива, засега за Парламентот нема некоја јасна улога, иако, вели, и комесарот за проширување Вархеји и ЕП очекуваат улогата на Парламентот да биде исклучитено важно и да биде мост помеѓу европската интеграција, процесот на преговори и самите граѓани.

– Оттука првото очекување доаѓа токму од граѓаните за активно вклучување на пратениците во процесот на преговори, а од друга страна е искажано и очекувањето од ЕУ која во парламентите гледа важна надзорна улога. Така што имаме очекување за двојна улога на Собранието, односно пратениците да осигураат дека реформите не се прават само поради приближување кон ЕУ, туку дека промените испорачуваат видливи резултати за граѓаните. Од друга страна Собранието треба да обезбеди дека преговарачките позиции кои што ќе ги имаме со отворање на преговорите, а кои мора да започнат час поскоро, се позиции кои ги поддржуваат сите партии, односно да имаме национален консензус и да немаме злоупотреба од страна на партиите на преговарачкиот процес, без оглед која партија е на власт. Само на овој начин собранискиот форум на меѓусебно усогласување помеѓу различните страни на политиката ќе биде сфатен како легитимен процес во интерес на граѓаните, рече Трошановски апелирајќи и на исклучително важната улга на соработка помеѓу Собранието и Владата.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски истакна дека зајакнувањето на парламентите се смета за суштински дел од процесот на проширување бидејќи само силни и ефикасни парламенти со развиена култура на инклузивен дијалог и градење консензус може да бидат вистински ефективни двигатели на реформи. Собранието, вели, во континуитет ја потврдува цврстата определност да биде двигател на реформите и да испорача конкретни реформи на патот на ЕУ-интеграција, а за таа цел во насока на јакнење на законода ја има поддршката и помошта од ЕП особено преку дијалогот Жан Моне.

– Во изминатиот период оваа соработка донесе конкретни резултати како усвојување на Кодексот за етичко однесување и констатирање на потребата од измени на Деловникот за работа на Собранието за да добиеме деловник со кој нема да имаме ситуации на нефункционално Собрабание. Имаме позитивен исчекор во насока на административната, финансиската и бебедносната независност на Собранието и во овој парламентарен состав продолжуваме со дијалогот, но во изменета форма поради ковидот, рече Мисовски.

Во однос на зајакнувањето на собраниската надозрна улога над Владата тој рече дека Деловникот точно ја пропишува употребата на европското знаменце и тоа е во ексклузивна надлежност на Владата, пратениците немаат можност согласно Деловникот да пуштат каков било предлог со европско знаменце па не можат ниту да го злоупотребат овој инструмент. Мисовски изрази и жалење што во минатиот собраниски состав не дојде до усвојување на новиот деловник, кој многу прецизно ја дефинира употребата на евроското знаменце, иако, вели, беше 99 отсто усогласен меѓу партиите во Парламентот, не се најде на пленарна седница поради одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да стави потпис на документ со новото уставно име на државата.

Марион Валсман, заменик претседавач  на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, укажа на последниот извештај од Мешовитиот комитет за поддршка за отворање на преговорите, во кој порачаа дека сакаат усвојување на формална рамка за преговори но и дека се потребни напори за да се спроведат реформи, особено во делот на правосудството и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Таа очекува Жан Моне процесот да продолжи.

– Цврсто сум убедена дека брзо ќе почнат и официјалните преговори, но потребни се напори за да се спроведат реформи, смета Валсман.

Александар Николоски, пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) изрази жалење што ова тело чија улога е градење на консензус во процесот на преговори, во новиот Парламент се уште не е функционално бидејќи не е комплетиран составот.

– Во годишната програма на Советот, која треба да ја усвоиме, ќе предложиме мониторинг на методологијата на преговорите како и градење на консензус за преговарачката структура. Консензусот не треба да го бараме на лидерски средби и на други неформални форуми туку во Советот, додаде Николовски и посочи дека штом почнеме преговори ќе биде потребно кадровски да се зајакнат  со експерти.

Конференцијата треба да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот однос со Европскиот Парламент. 

 извор: МИА
Next Post

Матичната комисија го поддржа прогласувањето на дел од Шар Планина за национален парк

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk