ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Црно-белиот свет на пропагандата

April 18, 2021 11:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Што значат изразите „блиски до власта“ или „блиски до опозицијата“? Многу често, овие изрази се употребуваат за да се скрати или премолчи ставот дека некоја личност или структура, медиум или организација имаат непринципиелни, па и коруптивни врски со политичките партии на власт или во опозиција. И најчесто, реалноста е сосема поинаква, иако медиумите, од мрза, незнаење или под политичко-коруптивен диктат ја креираат реалноста како црно-бела.

Таа „реалност“ е апсолутно политизирана (партизирана) и сѐ што се случува во општеството им се припишува на политичките партии. Погрешно, многу погрешно. Овој начин на размислување предизвикува несогледливи последици по градењето на политичката култура во едно општество. На тој начин, се јакне популарноста и моќта на политичките партии, односно партиските елити и нивното влијание врз јавното мислење. Со тоа, слабее изворната моќ на интелектуалците, уметниците, граѓанските активисти, лидерите во заедниците… Што и да помислат тие, што и на сторат, едноставно, се припишува на „приврзаност“ или „блискост“ со една или друга политичка партија.

Ако се следи тој начин на размислување, сѐ е зависно од политичките партии, никој не може да размислува и делува независно од партиските матрици. Едноставно, не може да се замисли дека некој може да биде надвор од партиското стадо. Црно-бел свет. Реалност создадена од долгогодишната пропаганда и политичка корупција во клучните сфери во општеството – медиумите, образованието, академијата, културата, бизнисот, па и естрадата. За пропагандата најлесно е да се создаде слика за црно-бел свет, нема простор за бои и нијанси. Но вистинскиот живот е нешто друго.

Безброј луѓе ја продадоа својата „уметничка душа“ на партиските ѓаволи и станаа обична партиска пешадија. Познато е дека криминалните јадра на дел од политичките партии во земјата, имаат насушна потреба од целосно дисциплинирање на своето членство, ширење и заробување на што е можно поголем број луѓе кои, благодарение на професијата (новинари, интелектуалци, уметници, академија…), потоа стануваат алатки за пропаганда и продолжена политичка корупција.

Но, колку и да се моќни, политичките партии не можат да ги мобилизираат сите до еден и да ги стават во партиски огламник. Мелењето човечко месо за потребите на политичките партии (читај: партиски елити) не е својствено за сите партии. Од друга страна, во општеството има поединци, групи и организации кои не се помрднуваат од патот и правецот кои сами ги изградиле, следејќи ги својот систем на вредности и уверувања.

И тука, доаѓаме до една многу важна поента. Не мора да значи дека, ако некој експерт, колумнист или уметник застапува исти или слични гледишта и вредности како партијата на власт, дека е под влијание на таа власт. Може да биде сосема обратно! Може да значи дека власта, односно владата, е отворена за сугестии и ги прилагодува своите политики и практики соодветно на добриот совет или критиката од експертите или креаторите на јавното мислење. Се разбира, има тука многу стапици и комплицирани процеси, кои тој фин баланс во општествените односи може да го нарушат. Сепак, таму лежи и квалитетот, одговорноста и транспарентноста во демократските процеси.

Да земеме еден пример. Ако една или серија колумни и анализи објавени во некој медиум, извршат влијание врз владините политики, тоа може да зборува за високиот квалитет на авторите/авторките, но секако и за високиот демократски капацитет на структурите во кои се донесуваат одлуките. И, најважно од сѐ, за вредностите се работи! Може ли да бидат независни интелектуалците, уметниците, новинарите и активистите кои промовираат европски вредности? Може ли да бидат независни ако ги поддржуваат и застапуваат човековите права и слободи, повикуваат на почитување на различностите, на еднаквост, слобода и правда? Се разбира дека да.

И секако, може некој да биде со прогресивни левичарски ставови, а некој да биде застапник на поконзервативни или неолиберални ставови. И тоа не ги прави веднаш дел од партиските пропагандни машинерии. За тие што читаат и размислуваат со своја глава, сосема се очигледни разликите меѓу пропагандата од една и искреното застапување на вредностите и политички ориентации од друга страна. За останатите, сѐ е партија и никој не може да мисли со своја глава. Тоа е тоа.

Значи… Може ли прогресивните политички партии, па нека се и на власт, да ги промовираат истите вредности и ставови како и некои граѓански организации или креатори на јавното мислење, а тоа да го преточат во политики и практики? Да. А дали тоа ги прави луѓето што ги делат тие вредности провладини? Не мора да значи. Зошто би биле провладини, кога имаат своја глава и свои, убави професии и општествени позиции? Може само да значи дека луѓе и структури со исти или слични вредности се и во секторот познат како политика. И може да се демократи и ги слушаат луѓето кои имаат што да кажат за вредностите кои и самите ги промовираат.

А може ли некој да биде „скапа курва“ како што за себе кажа Латас, еден од најистурените играчи на груевистичката пропагандна машинерија? Секако, може и тоа, но прашање е колкав кредибилитет може да ужива еден таков лик.

Доследни и кредибилни креатори на јавното мислење, медиуми и граѓанско општество ги критикуваат политиките и практиките на политичките партии, независно од тоа дали се на власт или во опозиција. Се работи за заедничка одговорност на сите, не само на политичките партии, да учествуваат во градењето на политичката култура и во поддршката на јавниот интерес. Најдобро што можат! И во согласност со вредностите во кои веруваат. Тоа не мора да значи дека тие се партиски маратонци, туку дека се креатори и дека одредени политички партии го следат истиот политички и вредносен курс, како и дел од интелектуалните и медиумските елити во општеството.

Логично и неспоредливо подемократски е политичките партии да бидат само еден од многуте облици на организирање на граѓанките и граѓаните, обединети околу вредности и идеи, а не да биде единствениот извор на идеи и место кое застапува вредности. Тоа не е демократски, туку напротив, води кој авторитарна држава која истовремено е длабоко криминализирана, заробена…

Политиката не им припаѓа само на политичките партии, туку на сите граѓанки и граѓани. Обратното тврдење води кон авторитарно владеење на една мала група луѓе.

Кој не го разбира ова, може да биде лесна жртва на црната пропаганда на криминалните банди кои се на чело на дел од политичките партии во земјата. Не мора сѐ да биде заговор, нели?

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

July 20, 2025
Цунами. Фото ислустрација, генерирано со ВИ

Предупредување за цунами издадено по два силни земјотреси крај источниот брег на Камчатка

July 20, 2025

Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk