ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ за српска „Политика“: Мој приоритет е независно судство и работа без притисок

April 19, 2021 13:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Србија имаат традиционално добри врски, благодарение на исклучително блиските односи што ги негуваат граѓаните на овие земји. Таа блискост е богатство што ние, политичарите, треба да го следиме и одржуваме. Двете земји имаат одлична економска соработка, а блиските односи се докажани уште еднаш, за време на пандемијата. Србија беше првата земја од која пристигнаа вакцините, а ние тоа особено го почитуваме. За нас, тоа е чин на солидарност, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во интервју за српскиот весник „Политика“.

Маричиќ, изразува уверување дека добрите односи и понатаму ќе се развиваат, имајќи ги предвид регионалните иницијативи во кои двете земји се активно вклучени.

– Премиерот Заев и претседателот Вучиќ веќе работат на уште поголеми врски меѓу двете земји преку проектот „мини-Шенген“, а тоа е уште еден доказ за пријателството и блискоста на луѓето од двете земји, вели Маричиќ.

За тоа како ја оценува работата на судовите во изминатиот период, Маричиќ во интервјуто, вели дека првпат по години, гледа дека судовите конечно се ослободени од политички притисок и, како резултат на тоа, судат праведно.

– Граѓаните секако го гледаат тоа, и тоа е една од главните причини зошто довербата во владеењето на правото и судството постепено се враќа, посочува Маричиќ.

Прашан за корупцијата и пропаѓањето на Специјалното јавно обвинителство, во интервјуто Маричиќ, нагласува дека во својот последен извештај, Европската комисија го признава добриот напредок во спроведувањето на стратегијата за реформа на судството, што се однесува на итните реформски приоритети на Прибе. Тој, сепак посочува дека искоренувањето на корупцијата, како феномен со кој се соочуваат сите земји во регионот, не е брза и лесна работа и дека сме сведоци на голем број препреки на патот.

– Откако станав министер за правда, мој приоритет е независно судство и работа без притисок. Ова, се разбира, не значи дека не постојат притисоци, ниту од политичка ниту од деловна страна. Нашата Влада ги тргна рацете од судството. Во нашата земја, Судскиот совет сега спроведува модел на филтрирање на судиите и судовите, така што ќе бидат идентификувани сите оние кои се решени да не работеле за правда, односно дека биле под нечие влијание. Веќе имаме 12 разрешени судии, за кои се утврди дека постапувале непрофесионално, влијаеле на застареноста или заштитиле некого. На овој начин ќе се врати довербата на граѓаните во судството, која исто така ќе биде заштитена од какви било влијанија, вели Маричиќ во интервју за српска „Политика“.

Прашан дали Министерството за правда ја искористи солидарната помош на Србија за вакцинација против вирусот корона, Маричиќ вели дека аплицирал за вакцинација, како и секој друг граѓанин и дека чекам да биде повикан кога ќе дојде ред да се вакцинирам.

– Нема привилегирани луѓе – кога ќе дојде мојот ред и ќе ме повикаат здравствените власти, ќе бидам вакциниран, нагласува Маричиќ.

Во однос на договорот за одложување на пописот, Маричиќ, во интервјуто за српска „Политика“ вели дека секоја земја ќе се развива поуспешно и подобро доколку власта и опозицијата имаат „заеднички јазик“ барем за најважните државни прашања.

– Во овој случај, двете страни покажаа зрелост и се надевам дека опозицијата ќе се придржува до договорот. Северна Македонија нема попис веќе 20 години и многу пати реков дека тоа ни е повеќе од потребно. Треба да докажеме дека сме способни како систем да спроведуваме масовни операции во сложени услови. За време на пандемијата, организиравме предвремени парламентарни избори и убеден сум дека можеме да спроведеме попис, посочува Маричиќ.

Next Post

Апасиев, лажниот борец за работнички права кој прима државна плата, правеше сè помошта за плати да не стигне до работниците, велат од СДСМ

НАЈНОВО

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk