За тоа како ја оценува работата на судовите во изминатиот период, Маричиќ во интервјуто, вели дека првпат по години, гледа дека судовите конечно се ослободени од политички притисок и, како резултат на тоа, судат праведно.
На редовниот состанок со директорите на кликите и ковид – центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој е дел од планот за реформа на националниот образовен систем е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои го имаат надминато системот на класична употреба на учебник.
Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува утре. Од Комисијата за заразни болести за МИА информираа дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена.
Помош и поддршка за прашањата поврзани со интеграција на армијата на Северна Македонија во НАТО структурите, обука и едукација во центри на грчката армија, соработка за низа теми од заеднички воен интерес, вклучува програмата за билатерална воена соработка за 2021 година потпишана меѓу Северна Македонија и Грција.
Од 27 април полициски час од 21 часот, ќе се отворат и летните тараси од угостителските објекти, ако продолжи паѓачкиот тренд новозаразени и хоспитализирани
Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн.