Министерството за здравство ја информира јавноста дека попладнево стигна првата пратка од вакцината Фајзер, која МЗ ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.
Од 27 април планираме да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но будно ги следиме препораките не Комисијата за заразни болести, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
До утрешната одлука на Владата, сега за сега, рестриктивните мерки на нивото на кое веќе се во изминатите две недели, продолжуваат. Полицискиот час и целосната забрана за движење на населението останува од 20 часот до 5 часот изутрина.
Основните училишта се подготвуваат за имплементација на новите наставни програми кои ќе стартуваат од есен. Директорите на основните училишта на денешната онлајн средба ја информираа министерката за образование и наука Мила Царовска дека за учебната 2021/2022 фокусот го ставаат на подготовки за реализација на наставните програми за прво и за четврто одделение.
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека не неправила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19. Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи.