ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грошељ: Класична лажна вест е изјавата на Мицкоски дека нон-пејперот не е на Јанша, туку на Фајон, Пицула и Заев

April 20, 2021 08:44
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Класична лажна вест и теорија на заговор – вели словенечкиот европратеник Клемен Грошељ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијаn Мицкоски дека премиерот на Словенија и негов пријател Јанез Јанша не бил креатор на нон-пејперот за промена на гранциите на Балканот туку дека тоа го направиле Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев.

– Тоа е типична лажна вест. Во Словенија е секојдневна рутина што и да му оди наопаку на нашиот претседател на Влада, секогаш се бара теорија на заговор. Тоа се лажни вести и теории на заговор со кои се обидувааат да ги намалат негативните последици на надворешно и внатрешно-политички авантури на нашиот претседател на Влада. Никој надвор од Западен Балкан освен нашиот претседател на Влада, никој не споменал, ниту Тања Фајон, ниту Тонино Пицула ниту кој било друг од опозицијата во врска со тој документ. Тоа е само потврда дека ќе се случи големо надворешно политичко фијаско на нашиот претседател на Влада и сега тоа се обидуваат да го ублажат, тоа се некои  теории на заговор, со некои идеи за лажни вести…, изјави Грошељ за ТВ 24.

 Според него, таков документ постои, но не е официјален став на Словенија, туку најверојатно доаѓа од кабинетот на Јанез Јанша во конекции со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Секако тоа не е измислено. Нешто постои, тоа кружеше по дипломатиите на ЕУ. Важно е да се спомне и фактот дека многу дипломатии, Германија, САД, па дури и Русија, сите тие порачаа јасно дека нема никакви промени на границите на Западен.Балкан. Штом тие имале потреба тоа да го кажат, во некоја рака значи дека во суштина таков документ постои. За мене има уште важно прашање, и ќе инсистирам на расправа во Европскиот парламент да се утврди кој е автор или автори на тој документ, бидејќи тој документ оди во спротивен правец на сите документи на ЕУ до сега, наведе Грошељ. 

Нон-пејперот, словенечкиот европратени го поврзува со лични и идеолошки врски меѓу Јанша и Орбан, но и со поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

– Тука има некоја идеолошка, финансиска па и некои други врски меѓу тие луѓе, нон-пејперот потврдува дека имаат некои идеи како Западен Балкан би морал во иднина да се креира, а знаете и дека Унгарија е многу дипломатски активна во Србија, и воопшто на Западен Балкан. Треба да се истакна и дека комесарот одговорен за проширување доаѓа од Унгарија, и тоа е уште еден елемент кој мене ме интересира. Целата таа ситуација фрла друга перспектива на која мора да реагира и Европската комисија, а пред се Европскиот парламент, вели Грошељ. 

Тој оценува дека тоа што е напишано во нон-пејперот може да предизвика тотална дестабилизација не само на Западен Балкан, туку ќе значи и дека ЕУ во својот двор, што го смета како геополитички приоритет, ќе има криза која нема да ја засили, туку ќе ја ослаби Унијата.

Next Post

Филипче денеска во посета на „Торлак“ во Белград, вчера стигнаа 10.000 дози од „Фајзер“

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk