Дел од угостителите и туристичките работници излегоа на протест со партиско – политички декор, а говорниците наместо да зборуваат за бројките со владина помош кон овој сектор, тие говореа како да е партиски митниг. А зошто угостителите во партиските тонови од протестот не зборуваа за фактите и помошта од сите пакети со антиркизни мерки? Затоа што примиле седум пати повеќе пари од тоа што придонесуваат во домашната економија? Ова е факт кој не може да се игнонира и сокрие.
Шестиот пакет мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени. Опфатени се 12 категории на дејности меѓу кои угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта.
Над 10 милиони евра во шестиот пакет на економски мерки ќе бидат наменети за помош на туристичко угостителскиот сектор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Фирмите и самостојните вршители на дејност од денеска ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март. Денеска ќе бидат објавени правилниците, согласно кои работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат да достават барање до Управата за јавни приходи. За мерката се издвоени 31 милиони евра, а барањата ќе може да ги достават до 30 април.
Мила Царовска денеска го повика секое училиште да ја исполни обврската за интерните испити и соопшти дека Министерството, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар ги завршиле нивните обврски.
М. Миткоска