ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бас Рапид Транзит системот ќе биде интегриран во јавниот транспорт и ќе има единствена карта, најави Шилегов

April 21, 2021 13:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целиот систем за новиот јавен транспорт ќе биде дигитализиран. Картите како такви ќе дадат безброј можности кои што граѓаните ќе можат да ги користат на секој начин. Ќе може да се купи карта за еден час и да се користат во останатиот систем на ЈСП и Бас Рапид Транзит системот, кој ќе биде интегриран во системот на јавниот транспорт и ќе има единствена карта, рече градоначалникот на Град Скопје на денешната прес-конференција по повод потпишување договор за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје.

Шилегов најави дека се очекува во текот на летото да биде распишана постапка за имплементација, а првата релација се очекува да биде завршена некаде кон крајот на 2024 година. Како што кажа, некаде кон 2023 година би била постапката за втората фаза, а целокупниот систем би бил оперативен и во вкупна употреба во 2024/25 година.

– Очекувам дека во текот на летово ќе заврши тендерската постапка која го темели целиот систем. Интервенција во инфраструктурата, онаму каде што е потребна, изградба на депото во Ново Лисиче, Ѓорче Петров, набавка на софтверски систем за имплементација на целокупниот систем, набавка на автобуси, нови станици од затворен тип, најави Шилегов.

Според системот, дополни, нема да можете да влезете во автобусите, ако не ја валидирате картата, со што, според тоа, ќе се намали времето на влез и излез, затоа што патниците кои веќе ќе се наоѓаат на автобуската станица ќе бидат со чекирани карти и нема да се прави гужва во самото возило.

– До таа мера е автоматизиран системот што во затворената автобуска станица на моментот кога ќе застане возилото, во тој момент се отвораат вратите и од возилото и од станицата со цел да имаме таков трансфер, сподели Шилегов.

Дополни дека на железничката станица во Скопје помеѓу пероните и станицата од Бас Рапид Транзитот е во план да се направи топла врска со цел патниците што доаѓаат во Скопје да не ја напуштаат или да не мора да кружат околу, туку директно да ги користат услугите.

Во однос на прашањето колку автобуси ќе се набават, Шилегов информираше дека тоа ќе зависи од фазата, односно во првата 26, а за втората се некаде околу 22.

– Тие се сè уште да речам во секундарна сфера како предмет на набавка затоа што е многу комплексен целиот систем кој што освен интервенции во инфраструктурата бара и посебни софтверски решенија, посебен систем за водење на целокупниот превоз. Системот на градот Скопје ќе биде посветен токму на Бас Транзит транспортот како таков, и оттука тие се фази кои што ќе бидат распишани, кажа Шилегов.

Првин да се добие квалитетна тендерска документација, да се распише тендерот за имплементација на системот, а втората постапка која што би ја спровеле, како што кажа, која што не бара толку голема посветеност и експертиза, е постапката за набавка на возилата.

За реализација на овој проект Европската банка за обновлив развој ќе додели заем во износ од 70 милиони евра на која рокот за отплата е 15 години со грејс период од четири години.

извор: МИА

Next Post

Арсовски: Може да се гради само во согласност со Законот за градење

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk