Денес потпишан договоро за државна помош за реализација на новата инвестиција на Дрекслмајер , со која се предвидуваат инвестиции од 16 милиони евра и отворање на нови 1000 работни места во Кавадарци и Куманово.
Министерството за финансии, Градот Скопје и Европската банка за обнова и развој денеска потпишаа договор за заем во износ од 70 милиони евра за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје. Со овој договор, официјално почнува постапката за изградба на брз и одржлив јавен транспорт, чија цел е намалување на сообраќајниот метеж, но и намалување на аерозагадувањето.
Aмбасадорот на Република Турција, денеска во скопската касарна „Илинден“ и предаде на министерката за одбрана Радмила Шекеринска донација за армијата од нови 7.400 комплети гортекс униформи. Таа најави дека веќе е завршена набавката на втора нова борбена униформа за сите припадниц, финиширана е свечената униформа за припадниците на Армијата, а обезбедна е и нова АБХ опрема и спорстка опрема за сите припадници на Армијата.
Ефектот од дадената економска помош е 100 отсто, вели Битиќи. Можеме да кажеме дека четирите пакети коишто Владата ги донесе минатата година покажаа дека ефектите се видливи кога знаете умешно да испланирате и таргетирано да ја дадете помошта. Ја завршивме 2020 година со пад од минус 4,5, а без помошта која што ја даде Владата падот би бил 8,7 проценти и тоа е суштинска разлика, додава тој.
СДСМ денес прославува јубилеј од 30 години постоење. Триесет години СДСМ заедно со граѓаните, триесет години работа и посветеност за татковината! Продолжуваме посветено да работиме за граѓаните, за татковината, за напредна и развојна Република Северна Македонија, велат од СДСМ.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари и е за 2,7 отсто повисока од истиот месел лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
М. Миткоска