ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставениот суд поведе постапка за членот 163, став 3 од Законот за банки

April 21, 2021 12:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Иницијативата до Уставниот суд е поднесена од Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”. Од Здружението велат дека сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Од Министерството за финансии посочуваат дека Фондот за осигурување депозити ја одржи довербата на граѓаните во домашниот финансиски систем, бидејќи депозитите на домаќинствата претставуваат сигурен и најевтин начин за финансирање на домашната економија.

Фондот е државна сопственост, гарантира покривање на одредено осигурено ниво на наплата на депозити на физички лица во банките на територија на Република Северна Македонија и неговата финансиска одржливост е неопходна за целокупниот банкарски сектор во државата..

Според Фондот за осигурување на депозити, најголем дел од штедните влогови на граѓаните во банките и штедилниците се осигурани во Фондот, кој во моментов има средства над законски утврдениот минимум. Оттаму посочуваат дека имаат на располагање механизми, доколку дојде до исцрпување на фондот за сигурност и се јави потреба за исплата на обесштетување, односно настане ризичен настан.

Согласно актуелното законско решение Фондот ги обесштетува осигурените депозити до 30 000 евра во денарска противвредност, оние над тој износ, како во случајот и со Еуростандард банка, се пријавуваат како побарувања од стечајната маса.

Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити (член 8), доколку дојде до исцрпување на фондот за сигурност, а се јави потреба за исплата на обесштетување, односно настане ризичен настан, Фондот обезбедува дополнителни средства преку дополнителни уплати од банките, филијалите на странските банки и штедилниците, но не повеќе од трикратен износ на премиите уплатени во месецот кој му претходи на месецот во кој настанал ризичниот настан, преку задолжување во земјата и странство и позајмици од Буџетот на Република Македонија.

Од Министерството за финансии согласно Стратешки план  за 2021-2023 година, најавуваат измени и дополнување на Законот за фондот за осигурување на депозити со кои се предвидвидува обесштетување и на депозитите на правните лица во банките и штедилниците во кои настанал ризичен настан.

Уставните судии пред неполни два месеца одлучија да не поведат постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки.

Дозволата за работа на Еуростандард банка и беше одземена во август минатата година.

извор: МИА

Next Post

Потпишан договор за изградба на Бас Рапид Транзит превоз во Скопје

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025
Скриншот

Обвинителите бараат затворски и парични казни за ширење лажни вести против Брижит Макрон

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk