ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Демант на Ѓорѓи Галетановски за обвинувања изнесени во порталот „Вечер.мк“

April 22, 2021 12:44
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски, објави демант на, како што вели, низата невистини за Зоолошката градина објавени во порталот Вечер.мк.

„Целосно го демантирам текстот на порталот Вечер.Мк под наслов „Петре Шилегов- Градоначалникот кој го продаде кучата“, портал каде што Ивона Талевска е главен и одговорен уредник, а со непотпишан автор на статијата, во која се изнесени низа невистини и за Зоолошка градина Скопје. Во текстот е спомната некаква си куќа за пингвини која чини 300 000 евра и парите според порталот се дадени во време на пандемија, но во реалноста не е така. Двете живеалишта за фламинга и пингвини кои се со големи надворешни базени, плус со внатрешни живеалишта и базени, целосно климатизирани, уредени по светски стандарди за градба на живеалишта и еден спрат под земја каде што се наоѓа најсовремена опрема- пумпи и филтри за одржување на базените заедно чинат 270 000 евра, а средствата за градба беа одобрени во 2019 година,кога и започна изградбата на проектот,  речиси една година пред пандемијата . Тоа не е куќа за пингвини, туку целосен нов реон во зоолошката, каде што има дел и со други птици, хортикултурно уредување, реквизити, тераса со видиковец. Секојдневно посетителите може да видат што се е направено и токму овој нов реон кој вкупно чини 270 000 евра е најпосетениот и најубав простор во градината.“, вели Галетановски.

Тој нагласува дека постојано се реновираат живеалиштата и сите трошоци во градината се за подобрување на условите на животните, но и за подобро искуство на посетителите.

„Авторот на текстот очигледно нема познавање за животни и што се е потребно за нивна благосостојба и грижа. Сите трошоци во градината се за подобрување на условите на животните, но и за подобро искуство на посетителите. Постојано реновираме живеалишта кои на пример не биле реновирани и по 40 години. Во градината имаше многу дотраени огради и живеалишта, езерца и фонтани кои не беа исчистени и по 13 години, а голем дел веќе успеавме да средиме за само две и пол години. Што се однесува до Дино Паркот, средствата се одобрени уште во септември 2019 год, а изведбата започна во октомври 2019. Скопје добива ново туристичко катче кое ќе биде посетувано и од голем број туристи од надвор, затоа што е единствен Дино Парк во регионот со 41 диносаурус. Влез во паркот ќе биде симболични 50 денари, додека секаде во регионот минимум е 5 евра. Овој парк ќе биде секојдневно место за забава и едукација на најмалите, на туристите, на учениците… Целиот парк чини колку една помала скулптура од проектот Скопје 2014, кој освен кич не донесе ништо добро.“, вели Галетановски.

„И ве замолувам да не ја валкате зоолошката поради политичка кампања. Зоолошката градина не е ниту на една политичка партија. Зоолошката градина е на сите граѓани, а најмногу на  децата. Да ги оставиме тука да се едуцираат, радуваат и да уживаат во сите нови проекти, живеалишта и игралишта кои се направени во изминатиот период.“, наведува Галетановски во демантот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стефанова, Ајро, Пеливанов, ПоП Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk