ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Еурактив“: Се чека на поцврст став од Брисел за да се смират страстите откако „нон-пејперот“ го размрда Балканот

April 22, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во регионот, сметаат аналитичарите. Во исто време, регионални и меѓународни аналитичари со кои порталот „Еурактив“ контактираше, остро ги отфрлија идеите за „фантомскиот“ нон-пејпер.

Минатата недела љубљански портал објави „нон-пејпер“ напишан наводно од словенечниот премиер Јанез Јанша или негов близок соработник, во кој се предлага можна промена на границите „за да се адресира малаксаноста што постои во поранешна Југославија“, наведува „Еурактив“.

Јанша демантираше дека го напишал документот, додека Канцеларијата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, не можеше да негира дека го добила документот, ниту пак даде дополнителни коментари.

Вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, Никола Димитров, чија земја би била засегната од предложената промена на границите, го нарече „опасен“ концептот за големи држави со етнички граници, наведува порталот.

Димитров за „Еурактив“ вели дека единствен соодветен одговор на овие дебати ќе биде зајакнат и видлив напредок на европската интеграција во регионот.

– Ние треба да се фокусираме не на создавање големи држави, туку на големи европски демократии и големи економии во регионот. Перцепцијата на избледување на европската перспектива на Балканот минатата година, можеби има врска со ова повторно раѓање на вакви спротивставени визии, вели тој за порталот.

„Еурактив“ наведува дека ова не е првпат да се предлагаат размена на територии како решение на политичките проблеми на Балканскиот Полуостров. Идејата, која се обновува на неколку години, наводно била дискутирана и во 2018 година меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и тогашниот косовски претседател Хашим Тачи, кој оттогаш беше обвинет за воени злосторства.

Тогаш Европската комисија наводно прво го поддржала планот, што подоцна беше отфрлен по острото спротивставување од страна на Берлин, наведува порталот.

Марко Прелец, поранешен директор за Балканот на Меѓународната кризна група и професор на Централниот европски универзитет, вели дека нон-пејперот е „еден вид на Роршахова дамка, кој и да ја погледне, го гледа она што сака да го види“.

– Реакциите повеќе кажуваат за луѓето кои реагираат, отколку за наводниот нон-пејпер, вели аналитичарот, искажувајќи сомнежи за потеклото на документот.

Според него, од голема помош ќе биде доколку Европската Унија заземе поцврст став против овој документ.

– Великодушното толкување е тоа што Брисел и некои земји-членки не се сигурни дали е паметно едноставно да се обидат да го негираат неговиот кредибилитет со тоа што не коментираат или да излезат и да го осудат. Мислам дека во овој момент е веројатно најдобро да се осуди, смета аналитичарот.

Прелец додава дека документот треба да се гледа во контекст на намалениот процес на проширување којшто изгуби интензитет откако Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година.

Португалското претседателство, потсетува „Еурактив“, има за цел да се донесе одлука за проширувањето до јуни, односно да се усвојат преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, како и да се примени новата методологија на преговарање за Србија и Црна Гора.

Висок дипломат од Брисел за „Еурактив“ вели дека е неопходна одредена акција затоа што „секогаш кога ЕУ не е доволно видливо присутна, регионалната динамика брзо се менува, се формираат опасни наративи и потоа влегуваат трети актери“.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk