ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ја заврши расправата по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк

April 22, 2021 16:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието го заврши општиот претрес по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк, во прво читање, во рамките на 39 седница. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Пратениците од опозицијата и од владејачкото мнозинство се согласија дека е потребно да се донесе ваков закон, односно дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк, што поволно ќе влијае на заштита на природата, на биодиверзитетот, развој на туризмот и друго. За пратениците од опозицијата остануваат дилемите како ќе се реши дивата сеча, како ќе се стопира изградбата на мали хидроцентрали, како ќе се финансира Националниот парк. За мнозинството, дилемите кои произлегуваат од законот, ќе се решат амандмански, со цел подобрување на неговиот текст.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов истакна дека националните паркови се гордост на една држава, висок еколошки дострел за зачувување на животната средина. Според него, националните паркови се голем туристички потенцијал и овозможуваат промоција на една држава.

– Но, мора да ги земеме и некои проблеми предвид, оти ако тие не се решат, ќе се мултиплицираат, а тоа е неконтролирана, енормна нелегална сеча на дрва, константно проширување на урбанистичкиот опфат и градење на нелегални објекти по целиот простор на Шар Планина. Проблем, на кој укажуваат и невладините организации, е и изградбата на мали хидроцентрали на тој простор, што силно ја удира животната средина, рече Трајанов, кој забележа дека не е јасно што ќе се случи со двете подружници на Македонски шуми.

Освен тоа, Трајанов нагласи дека е многу важно да се знае како ќе се финансира овој Национален парк. Според него, тој треба да биде самоодржлив. Трајанов апелира во Националниот парк да не бидат вработувани партиски кадри туку стручни лица.

Пратеничката од редовите на ДУИ Вјолца Адеми, реплицирајќи му на Трајанов рече дека за дивата сеча има предвидено казни во други закони, како Законот за шуми и Кривичниот законик.

– Една од економските придобивките од прогласување на Шар Планина за Национален парк е тоа што ќе се овозможи развој на туризмот и самоодржливост, рече Адеми.

Жаклина Лазаревска од СДСМ во репликата истакна дека на седницата се зборува за потребата од донесување ваков закон.

– Ако видиме некои недоследности во првото читање на предлог законот, во второто читање ќе реагираме амандмански. На прашањата кои ги поставивте, а кои се легитимни, треба заеднички да одговориме за да го подобриме текстот на овој закон, рече Лазаревска.

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче во својот говор нагласи дека последните години во пораст е дивата сеча, нелегалното ловство е надвор од контрола, а нарушувањето на животната средина на Шар Планина, кулминира со изградба на хидроцентрали.

-Фактот дека досега се изградени или се градат или се планираат да се градат околу 70 мали хидроцентрали е најважното прашање и главен предизвик за заштита на Шар Планина, потенцира Снопче.

По завршувањето на претресот за Прелог-законот дел од Шар Планина да се прогалси за Национален парк, претседателот на Собранието даде еден час пауза. По паузата пратениците ќе продолжат со работа по точките на дневен ред од 39 седница.

извор: МИА

Next Post
Бранко Тричковски

Водно

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk