ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Јакшиќ: Зад нон пејперот стои европската националистичка десница која работи на проектот и треба да внимаваме

April 23, 2021 09:47
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Појавувањето на нон пејперот кој „наводно“ словенечкиот премиер Јанез Јанша го има доставено на Брисел, предизвика полемика во регионот. За овој проект, кој беше објавен и во српските медиуми, имаше дискусија, а официјалниот став на Белград беше презентиран преку изјавата на претседателот Александар Вучиќ, кој изјави дека нема видено никаква мапа, ниту план.

-Јас немам видено никаква карта, никаков план. Фактот дека на некои не им одговара да зборуваат за тоа, но би сакале да и го припишат тоа на Србија, кажува многу повеќе за нив отколку за нас. Јас не сум некој што лажно ќе обвини некого… Премиерот Јанша е отворен човек – двајцата имавме сосема спротивни ставови, сепак тој е многу искусен политичар, изјави Вучиќ.

За тоа кој е ставот на јавноста во Србија за нон пејперот МИА разговараше во Белград со познатиот аналитичар и колумнист Бошко Јакшиќ.

-Господине Јакшиќ говориме за нон пејпер, кој стои зад овој план, што е неговата суштина?

Колку и да мислевме дека прекројувањето на границите на Западен Блакан е завршена работа со прогласувањето на независнота на Косово, деновиве повторно се појави некој нов картограф кој вели дека тие не се добри и дека треба да се направи некоја голема Србија, голема Албанија и нешто поголема Хрватска, дека треба потполно да се минимизира БиХ, која би била на границата на исчезнување и сето ова што се појави не е случајно.

Она што сум длабоко убеден е дека зад тој проект, кој му е даден на Јанез Јанша да го напише, и во кој еден ваков текст има најверојатно уште некои коавтори, се крие европската националистичка десница, која повторно ја релативизира старата идеја дека меѓуетничките и мултиетничките држави се извор на проблем, а дека само чистите етнички држави можат да донесат мир. На Балканот тоа е невозможно и сите се согласуваат дека од овој проект нема да биде ништо.

Но поентата е дека се јавуваат вакви гласови, дека тие се организираат. Само да се присетиме неодамна дека премиерите на Унгарија и на Полска, заедно со лидерот на италијанската Леге, потпишаа договор, во кој засега први кандидати за влез во него се Бојко Борисов и Јанез Јанша, може да заклучиме дека сите тие работат. Зато треба да внимаваме!

-Како сето тоа може да се изведе. Северна Македонија, Албанија и Црна Гора се во НАТО. Дали НАТО е гарант на границите и мирот?

НАТО би требало да биде гарант. Во дадениот однос на сили каков е сега, мислам дека тој проект е нераелен. Но симтоматично е, на пример, Советот на Европа во 2008-та година остро регираше кога се споменуваа слични идеи кои доаѓаа од европски кругови, од круговите на ЕУ. Овојпат Советот на Европа пропушти остро да реагира. Дури и главните актери, на голема Србија, на голема Албанија, и нешто поголема Хрватска, реагираа многу доцна и според мене реагираа „благо“. Тие не реагираа остро, а најострите рекации дојдоа од таму каде што таквиот проект би довел до најсериозни последици, а тоа беше Сараево. Лидерите на Србија и на Хрватска, го осудија и рекоа дека се против, но без некој голем ентузијазам. Премиерот на Албанија, Еди Рама беше доста непрепознатлив во целата оваа ситуација.

Така да овој нон-пејпер е лансиран или како пробен балон или ова е некоја тактичка аналитика на која веќе се работи, бидејќи во него како што се наведува, овие работи се во тек и на нив се работи. Се поставува само прашањето кој тука може да победи. Повторувам, сегашниот однос на сили, на националистичката десница на Европа, здружена каква е и, сеуште не во состојба да реализира еден таков проект, кој би бил погубен за Западниот Балкан.

-Познат е ставот на официјален Белград за овој нон-пејпер. Кој е ставот на политичката јавност во Србија за овој проект?

Кога говориме за политичката јавност во Србија, треба да го напоменеме фактот што ние сме една поларизирана земја. Па според тоа имаме барем две политички јавности во Србија.

Една онаа клеронационалистичка, која ни по која било цена не го дава Косово и која сонува за голема Србија и секако дека кај нив овие идеи предизвикуваат радост.

Втората Србија, онаа која е свесна на сите ризици што може да донесе една таква одлука, секако е против и се надевам дека ќе бара сојузници за да се зајакне фронтот на продирањето на европската десница.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Пазар на шини: Чудото од Тајланд

July 11, 2025

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

July 11, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски се пофали дека заедно со Мицкоски успеале да го зачуваат статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk