Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека земјава постепено го менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори, сонце, ветер и вода и ги најави компаниите кои ќе градат фотонапонски електрани во Осломеј.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија. Преку новата соработка со глобалната водечка клауд (cloud) платформа, корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата, ќе имаат низа придобивки, меѓу кои и кредити за користење на инфраструктурата на клауд платформата.
Како да не бидеме горди што Скопје е првиот град во овој дел од Европа кој воведува БРТ (Bus Rapid Transit) систем? Тоа е успех не само за градот, туку и за целата наша држава. Европската банка за обнова и развој го промовира овој проект како зелен проект, во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје е член од 2019 година. БРТ е токму она што на нашиот главен град веќе содецении му недостасува – сообраќајно решение за намалување на градскиот метеж, чекањето на семафори и аерозагадувањето. Новите енергетски ефикасни автобуси обезбедуваат поквалитетни и почисти услуги кои значително ги намалуваат емисиите на аерозагадувачи. Подобриот јавен транспорт значи зголемување на бројот на патници, а намалување на употребата на приватнивозила
Австрија веднаш го прифати барањето на Европската комисија во февруари за координација при испорака на вакцини за Западен Балкан, бидејќи регионот е приоритет за австриската надворешна политика, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.
Поддршка за евроинтеграциските процеси на нашата земја во текот на вчерашниот ден беа изразени на средбата на претседателот на Владата, Зоран Заев со евроамасадорот Дејвид Гир и при телефонскиот разговор со шведскиот премиер Стефан Левен, на средбите на вицепремиерот Никола Димитров со неговите домаќини во Литванија, како и од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Во исто време, австрискиот министер за надворешни работи во Александер Шаленберг во интервју за МИА повика Северна Македонија и Бугарија да го решат меѓусебниот спор на билатерално ниво, но нагласи и дека Австрија им стои на располагање доколку им е потребен посредник.
Министерството за образование и наука денеска ќе организира обука наменета за обучувачите кои треба да ги подготват наставниците како да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, во кои од учебната 2021/2022 година треба да почне спроведувањето на новата Концепција за основно образование. На настанот ќе присуствува и ресорната министерка Мила Царовска.
Oпштина Центар на чија територија се наоѓа парцелата пред хотелот „Холидеј ин“ треба да одлучи за Деталниот урбанистички план и дали на таа локација треба да се гради или не, изјави вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју на „360 степени“ на телевизија Алсат-М.