ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Опозицијата на протести за поддршка на терористичкото загрозување на уставниот поредок од 27 април

April 25, 2021 14:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Протест на опозицијата по повод настаните од 27 април 2017/ Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Протест на опозицијата по повод настаните од 27 април 2017/ Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Изминуваат четири години од насилниот упад на демонстрантите во парламентот кога група граѓани со намера да спречи легитимен избор на претседател на парламентот за малку ќе извршеше физичка ликвидација на неколкумина пратеници, а во опасност го доведе и животот на новинарите.

Протест на опозицијата по повд настаните од 27 април 2017 во Собрани /Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Цели четири години ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да се извини за овој срамен, насилен и антидржавен упад, на пратениците, на новинарите, но и на целата јавност која беше во страв за настаните на 27 април, 2017 година. Во меѓувреме судот, првостепениот, но и апелација донесоа затворски пресуди за оние кои директно учествуваа во насилството и против оние од МВР кои имале законска обврска да го спречат, но со непреземањето мерки дозволиле да се загрози државата, пратениците и новинарите. Судењата имаа јавни, отворени рочишта, а странките во постапката имаа можност да ја изнесат својата верзија.

Протест на опозицијата пред Влада/ Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Но, во  овој судски процес Јавното обвинителство немаше тешка задача затоа што материјалните докази без евидентни, ги виде целата јавност, сведоците беа присутни во немирите низ собранието, а камерите само го потврдија насилното однесување на демонстрантите, токму на оние кои сега се во затвор. Четири години ВМРО ДПМНЕ се обидува да манипулира со јавноста дека партијата не стои зад немирите, но упорно ги брани постапките на осудените, па дури денеска од протести повикува тие да се ослободат.

Протест на опозицијата по повод настаните од 27 април 2017/ Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Уште една грешка која ја прави ВМРО ДПМНЕ е тоа што постојано бараат политичката власт да ги ослободи затворениците, онаа власт која воопшто не е надлежна, па затоа протестираат со повици до Владата и Собранието. ВМРО ДПМНЕ заборава дека постојат независни правосудни институции кои судат врз основа на докази и факти, а овој случај е токму таков- докажан и потврден. Протестите под маската дека насилниците само го бранеле Уставот кога кршеле, дивееле и се обидувале да убијат, може да поминат кај некои партиски членови, но и да предизвикаат националистички провокации, а во суштината, онаа правната, не може ништо да променат.

Атмосфера од протестот на ВМРО/ Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

За ова се свесни и во ВМРО ДПМНЕ, и во Левица, но ова добро го знаат и организаторите на протестите. Но, сепак, полесно е да напаѓаат за измислен политички прогон, отколку да ја прифатат реалноста, дека луѓето кои упаднале во парламентот извршиле терористичко загрозување на уставниот поредок.

Протест ВМРО пред Влада/Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Сега практично опозициските партии протестираат во заштита на тоа терористичко загрозување, во заштита на нападот врз уставниот поредок, во заштита на насилството кое можеше да заврши фатално по животот на пратениците и новинарите. ВМРО ДПМНЕ не може да ја сокрие поврзаноста со организација и спроведување на насилството, особено ако се знае дека помеѓу затворените има нивни високи полициски функционери, како што е Митко Чавков, нивни видни партиски членови, но има и друг судски процес во кој членови на партијата одговараат за организирање на упадот во парламентот.

Протест на опозиција пред Влада/ Фото: О/ Бошњаковски, Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ не ја искористи шансата да покаже дека ја поддржува правната држава и владеењето на правото и во ниту еден момент не се огради од крвавите насилства и од оние кои ја загрозија безбедноста и државноста на нашата земја. Со протестите само покажа дека партијата и понатаму нема намера да ги почитува независните правосудни институции, дека не се заинтересирани за правдата и дека се подготвени до крај да го штитат криминалот.

Протест на ВМРО пред Влада/Фото О. Бошњаковски, Фронтлајн

Дополнителен мотив за тоа им дава и Никола Груевски од Будимпешта кој повикува да се ослободеле насилниците. Притоа, токму Груевски е оној кому треба да му се суди за организација на оваа насилна операција.

Д. Е.

фотографии: Огнен Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нејмар се враќа во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk