ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мониторинг на пописот: Фронтлајн со најмногу информативни содржини за пописот чиј извор се релевантни институции

Кај онлајн медиумите, највисок процент во покривањето на политичко-партиските реакции покажаа Плусинфо (68.7%) и Курир (67%), додека Фронтлајн беше единствениот медиум каде бројот на прилози за пописните активности (40.1%) е поголем од бројот на објави поврзани со политичко-партиските реакции (32.4%), се наведува во анализата од мониторингот.

April 26, 2021 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Скриншот од објава на текст за пописот на Фронтлајн.мк

Скриншот од објава на текст за пописот на Фронтлајн.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Во мониторингот, на НВО Инфоцентарот за известувањето на електронските и онлајн медиумите од Северна Македонија за пописот на населението кој требаше да се спроведе во периодот од 5 до 21 април 2021 година, главна цел е следење на начинот на кој медиумите известуваат за пописот и како тоа влијае врз информираноста на граѓаните и нивното учествување во пописниот процес.

Во делот од мониторингот се утврдува дали медиумите обезбедуваат професионално и непристрасно известување за пописниот процес, дали објавуваат дезинформации и содржини со манипулативни цели, и дали дополнителните медиумски содржини, како што се колумни, анализи и други авторски прилози, влијаат врз пописот и тонот на медиумското известување за оваа статистичка операција.

Во мониторингот се вклучени девет медиуми: 4 информативни портали (Плусинфо, Фронтлајн, Курир и 360 Степени) и централните вести на 5 национални телевизии, вклучително и јавниот радиодифузен сервис – МРТ1, Телма, Сител, Алфа и Аласт М (вестите на македонски јазик).

Од електронските медиуми најмногу прилози за пописот емитуваше ТВ Алфа (6.9% од вкупниот број анализирани прилози), потоа Сител (5.8%), МРТ1 (4.6%), Алсат (4.2%) и Телма (3.1%). Кај онлајн медиумите најмногу написи објавија Фронтлајн (23.3% од вкупниот број анализирани прилози), Курир (21.5%) и Плусинфо (21.3%), додека 360 степени учествуваше со 9.3% од вкупниот број анализирани содржини.

Вкупно објави за пописот според медиуми

Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60.5% од објавите, додека прилозите посветени на конкретните пописни активности беа застапени со само 22.2%. Најголема процентуална застапеност на политичко-партиските реакции во известувањето на телевизиите беше забележан во централните вести на јавниот сервис МРТ1 – 85.7% и во Сител – 84.6%, а значаен фокус врз политичко-партиските реакции имаше и ТВ Алфа – 58.1%.

Кај онлајн медиумите, највисок процент во покривањето на политичко-партиските реакции покажаа Плусинфо (68.7%) и Курир (67%), додека Фронтлајн беше единствениот медиуми каде бројот на прилози за пописните активности (40.1%) е поголем од бројот на објави поврзани со политичко-партиските реакции (32.4%), се наведува во анализата од мониторингот.

Државниот завод за статистика (ДЗС), институција законски надлежна за подготовка и спроведување на пописот, како извор на информации е застапен во само 22% од вкупниот број анализирани медиумски содржини. Нискиот процент на користење на ДЗС како извор на информации претставува јасен индикатор за уредничкиот приод, кој од една страна, ги маргинализира службените информации за пописот, а од друга страна, става поголем акцент на политичко/партиските влијанија и импликации врз пописниот процес. Медиуми кои најмногу го користат ДЗС како извор на информации во своето известување се Фронтлајн од информативните портали и Телма од телевизиите.

Информативните портали објавија значително поголем број прилози во споредба со централните вести на телевизиите. Сооднос е 3:1.

Од електронските медиуми, во мониторингот се наведува дека најмногу прилози емитувала ТВ Алфа (6.9% од вкупниот број анализирани прилози), потоа Сител (5.8%), МРТ1 (4.6%), Алсат (4.2%) и Телма (3.1%). Кај онлајн медиумите најмногу написи објавија Фронтлајн (23.3% од вкупниот број 6 анализирани прилози), Курир (21.5%) и Плусинфо (21.3%), додека 360 степени учествуваше со 9.3% од вкупниот број анализирани содржини.

ДЗС како извор на информации (по медиуми во објави каде ДЗС е извор

Во мониторингот се подвлекува дека порталот Фронтлајн, настојуваше обилно да ги поддржи кампањите за поголемо учество на граѓаните во пописот, како и институциите задолжени за неговото спроведување, додека Курир и Плусинфо покажаа изразена наклонетост кон ставовите и настојувањата на опозицијата да се запре или да се одложи пописот.

Тематска дистрибуција на објавите

Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60.5% од објавите, додека прилозите посветени на конкретните пописни активности беа застапени со само 22.2%  Овие бројки ја потврдуваат изразената политизација на пописот во медиумите.

Најголема процентуална застапеност на политичко-партиските реакции во известувањето на телевизиите беше забележан во централните вести на јавниот сервис МРТ1 – 85.7% и во Сител – 84.6%, а значаен фокус врз политичко-партиските реакции имаше и ТВ Алфа – 58.1%. Кога станува збор за јавниот сервис треба да се нагласи дека во централните вести на МРТ1 пописните активности беа присутни со 38%, а практичниот и техничкиот дел на пописот со само 4.6% од вкупниот број објави. Државниот завод за статистика (ДЗС) беше посочен како извор на информации во само 19% од прилозите, а во ниту еден прилог не беше наведен авторот. Телевизија Алфа, пак, е единствениот медиум во кој, во овој период, не беше регистриран ниту еден прилог поврзан со пописните активности и известувањето на овој медиуми беше сведено на партиски реакции со коментари и авторски објави.

Извори на информации

Државниот завод за статистика (ДЗС), институција законски надлежна за подготовка и спроведување на пописот, како извор на информации е застапен во само 22% од вкупниот број анализирани медиумски содржини. Од прилозите во кои ДЗС се јавува како извор, 36.4% се прилози објавени на Фронтлајн. Плусинфо го наведува ДЗС како извор на информации во 14.1%, Курир во 13.1%, а 360 степени во 11.1% од написите. Потоа следуваат телевизиите, Телма со 6%, Сител, АлсатМ и Алфа со по 5.1% и МРТ со 4%. Медиуми кои најмногу го користат ДЗС како извор на информации во своето известување се Фронтлајн од информативните портали и Телма од телевизиите. Во Фронтлајн, ДЗС е наведен како извор на информации во просек во секоја трета објава, а во Телма ДЗС е присутен во 42.8% од прилозите.

Користењето на индикаторот – ДЗС како извор на информации, најчесто е во корелација
со процентот на користење на политичките партии и нивните претставници како извори
на информации, индикатор – политичко-партиски реакции. Медиумите кои помалку го
користат ДЗС како извор, повеќе се наклонуваат кон пренесување информации/
реакции од политичарите и од партиите. Нискиот процент на користење на ДЗС како извор на информации претставува јасен индикатор за уредничкиот приод, кој од една
страна ги маргинализира службените информации за пописот, а од друга страна става
поголем акцент на политичко-партиските влијанија и импликации врз пописниот
процес.

Пописот е статистичка операција, не треба да се политизира

Во делот на медиумската поддршка за одржување на пописот, забележителна присутност има и наративот дека „пописот е статистичка операција од јавен интерес која не треба да се политизира“. Овој наратив беше најзастапен кај онлајн медиумот Фронтлајн, а најмногу беше презентиран преку користење на ДЗС како извор на информации, потоа преку пренесени изјави од  ЦИВИЛ/ЦИВИЛ Медиа, или преку изјави од претставниците на институциите, се наведува во мониторингот од НВО, Инфоцетар..

Со политички договор на лидерите на двете најголеми партии во Собранието, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на 29 март 2021 година, на само три дена пред закажаниот официјален почеток на пописот, беше најавено дека пописот ќе биде одложен за септември 2021 година. Собранието, по дводневна расправа, на 2 април ги усвои измените и дополнувањата на Законот за попис со 95 гласа „за“ и со 12 гласа „против“. Според измените, пописот ќе започне на 5 септември и ќе трае до 30 септември, 2021 година.

J. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk