Делегација на германската фабрика „Гересхајмер“, предводена од потпретседателот Оливер Бургел, одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава.
Секогаш е добро кога заедно разговараме за проблемите и секако дека можеме да извлечеме многу поуки и од оваа дебата како да продолжиме подобро во наредниот период, рече министерот Оливер Спасовски во завршното обраќање пред пратениците.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, придружуван од заменик-претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, се сретна со Аднан Ајрула и уште неколкумина други претставници на Организациониот одбор на протести на земјоделците од општините Гази Баба и Арачиново.
Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час.