ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Без разлика каква и да биде одлуката на Владата за Пауновски, соработката со него ќе продолжи, најави Заев

April 27, 2021 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека ги слушнал аргументите на инспекторите и детално ќе ги прочита материјалите што му ги доставиле пред носењето на одлуката околу разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на денешната владина седница.

– Имавме денеска средба со тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат и во делот на човечки ресурси и во делот на инспекторите во државата. Присутни беа застапници и на Македонците и на Албанците. Добри се луѓето, работат. Се видовме, поразговаравме, ги кажаа своите аргументации, имаа пофални зборови за својот директор Стојко Пауновски. Ги кажаа аргументациите кои тие мислат дека се важни да ги споделат со мене како претседател на Влада и со потпретседателот Љупчо Николовски. Ги ислушавме, разговаравме и денеска нивните аргументи ќе ги презентираме на владина седница, а потоа Владата ќе донесе одлука, изјави Заев, одговорајќи на новинарско прашање на отворањето фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика на германската компанија „Гересхајмер“.

Премиерот Заев посочи дека својот став за разрешување на Пауновски ќе го каже на владината седница. – Сакам искрено на враќање од овде детално да ги прочитам матертијалите што ми ги дадоа инспекторите непосредно пред да дојдам овде. Тие усно ги образложија, јас ги разбирам тоа што го кажаа, но оставија значајни материјали кои сакам да ги прочитам. Вредно е затоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот, рече Заев, додавајќи дека сепак Владата одлучува за тоа.

Заев информира дека дел од аргументите на инспекторите се дека Пауновски бил добар човек, дека го унапредил работењето на Државниот пазарен инспекторат, дека се реализирани нови вработувања, нова опреа, како комјутери, целосно екипирање на институцијата, за добриот колегијален однос воспоставен меѓу колегите…

Премиерот Заев смета дека комуникацијата не треба да оди преку медиумите и додаде оти коалицискиот партнер ДУИ нема никакво барање до него во делот на разрешување или неразарешување на Стојко Пауновски.

– Од 10 дена, седум дена да се инаетите со потпретседател на Влада преку медиумите, а притоа да не дојдете во Владата и да побарате разрешување, или спротивставување на различнсотите во гледањата, не е дозволиво. На крајот во четвртокот минатата недела се обидов да го добијам, не можев, потсети Заев, додавајќи дека директорот Пауновски е биран од оваа Влада, политички поставен на таа функција и оти е еден од неговите први соработници со кого има воспоставен однос.

Тој нагласи дека без разлика каква и да биде денеска одлуката на Владата за Стојко Пауновски, соработката со него ќе продолжи.

– Но, се работи за принцип. Ако Владата не постапи и не преземе ништо, зошто и останатите 1.179 директори во државата да не водат полемики во медиумите, да не ги спроведуваат законите, да не ги спроведуваат одлуките, вели Заев.

Тој додаде дека не им е лесно ниту нему, ниту на вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски да прераспределат над 1.300 лица, но, како што нагласи, тоа е нивна обврска и мора да ја спроведат.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Да не се повторат никогаш повеќе настаните од 27 април 2017

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk