Гледајќи ги многуте написи по медиумите кои велат дека средношколците организираат бојкот на наставата поради дигитализацијата на учениците, Сојузот на средношколци објаснува дека средношколците не организираат никаков бојкот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста. Сојузот никогаш не организирал ниту пак повикал на бојкот поради дигитализацијата на учебниците, велат од Сојузот на Средношколци преку објава на Фејсбук
Најпрвин, мораме да кажеме дека нема потреба од такви појави. Дигитализацијата на учебниците се однесува на само на IV одделение, според нашите информации. Само учебниците за IV одделение ќе бидат дигитални од септември, а многу години ќе поминат додека отпочне процесот на дигитализирањето на наставните материјали во средното образование.
Наш став е дека секој ученик треба да го има правото да избере од каков учебник сака да учи. Но, ваквите повици за бојкот ги манипулираат и им штетат на средношколците. Многу ученици денес беа изманипулирани од страна на ваквите групи без да знаат за што точно се бојкотира или кој го организира тоа, затоа ги повикуваме образовните власти да ги оправдаат изостаноците.
Ученици, овој бојкот е лажен и беспредметен, велат тие.