Не постојат фантомски изводи, тоа е опасно замајување на јавноста, бидејќи не само што не постојат, туку на попис кој што ќе се реализира во септември оваа година не се попишуваат изводи, се попишуваат граѓаните, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање.
Концептот за дигитализација на образовниот процес не се воведува нагло, одиме етапно. Со овој концепт се обезбедува можност секој ученик, зависно од можностите и потреби, да има учебник. Учебниците се инклузивни за да се подобри еднаквоста, рече денеска министерката за образование Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Премиерот Зоран Заев, на денешната седница за пратенички прашања, осврнувајќи се на случувањата на 27 април, оцени дека нивната поддршка или осуда ја прави разликата помеѓу актуелната Влада и поддржувачите.
Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација. -Нашиот народ од секогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат и по деца и по фамилии. Срамно и опасно, изјави премиеро Заев за ТВ 24.
Премиерот Заев, на пратеничко прашање за примањата на работниците и работничките права, посочи на покачувања на платите на вработените во државните институции и во приватниот сектор, преку пакетите економски мерки и најави нови покачувања во овие сектори и во правосудството.
Согласно респектабилната невладина организација од Америка, Фридом Хаус, Северна Македонија претставува светол пример помеѓу транзиционите демократии и земјите од Западен Балкан, во поглед на демократскиот напредок. Ова рангирање ја вброи земјава во оние со нагорен тренд на демократизација и особено ги истакна подрачјето на национално демократско управување и изборниот процес.
Министерот Шаќири во својот говор рече: “На 6 ноември 2019 година започна спроведувањето на двегодишниот ИПА 2017 проект „Поддршка на државната реорганизација“. Целта на овој ИПА проект е да се оптимизира целата институционална рамка, да се зајакнат јавните услуги, како и да се зајакнат етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, меѓу другото преку спроведување на функционална анализа и усвојување на нов закон за организациските тела на државната управа”.