ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Заев полициската закција кај Плетвaр е исклучително професионално спроведена и успешна

April 28, 2021 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Полициската акција што беше спроведена е исклучително професионална и успешна на ниво на стандарди на најсовремени демократски држави во светот. Апсолутно осмислена, организирана, комплетно по сите професионални стандарди. Да се бара оставка за успешно спроведена акција, ниту имам право, ниту сакам да размислувам, освен да поттикнам професионалност во спроведувањето на законите и законот да важи еднакво за сите без разлика кој на кого е близок, без разлика кој во кои социјални слоеви во општеството припаѓа или во кои институции работи или не работи. Само така ќе ја враќаме довербата кон институциите.

Ова е одговорот и пораката од премиерот Зоран Заев на прашањето од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески во врска со одговорноста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на полициската акција заедно со американската ДЕА во која кај Плетвар беше запленета поголема количина дрога.

– Во Северна Македонија МВР ги води акциите, нагласи меѓу другото Заев.

Позитивните промени што се случуваат последните години во нашата земја, наведе тој, се нешто што ви пречи затоа што законот важи еднакво за сите, никој не е заштитен, секој одговара.,законот е нешто за кое целиот народ се залага, а претставува европска и демократска вредност, а за жал го немавме видено 11 години ваше владеење.

–  Денес можеме да докажеме и покажеме дека истражните органи постапуваат неселективно, без разлика дали некој е близок до власта или до опозицијата или нема никакви предиспозиции политички, ако се огреши пред законот одговара. Секој е невин додека не се докаже вината, но секој е еднаков пред законот и никој не е заштитен од одговорност. Командирот на полициската станица го бира Советот на Општината, истовремено ако тој посегнал кон незаконско дејствие апсолутно треба да одговара, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев се осврна и на дружбата на пратеникот Ристески, со како што рече, полициски службеник кој бил санкциониран конзумент на кокаин, а кој веројатно под дејство на опојни дроги јавно тепал лекар во Прилеп, без да преземе одговорност за време на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во македонскиот Парламент, потенцира Заев, пратениците треба да се залагаат да прават позитивен притисок за спроведување на правдата и владеењето на правото и еднаквоста на законите за сите.

– Тоа денес се случува насекаде во државата и тоа ќе е така и никако поинаку. Само на тој начин ќе ја враќаме довербата во правниот систем и во севкупната правда. Затоа има голема разлика и треба да ја потенцираме. Беа мисловни именки да има истрага против високи функционери од власта, денеска тоа е наше секојдневие. Транспарентноста е комплетна и граѓаните знаат се за неколку минути за спровеудвањето на акциите. Таа транспарентност е гаранција за будното око на институциите без разлика дали се под извршната, парламентарната или под судската власт, појасни премиерот Заев.

Според него, тие придобивки се нотирани насекаде затоа и денеска ФРИДОМ Хаус кажува дека С Македонија е една од земјите што покажува најголем скок во демократијата.

– Сами по себе слободата и демократијата се најголем гарант на влдеењето на правото, на ефикасниот сервис на институциите кон граѓаните, на успешните политики, на унпареудвањето на квалитетот на животот, на дигањето на економскиот стандард по сите параметри. Затоа се тие придобивки што се нотирани и дома и во сите меѓународни извештаи, рече Заев.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Нема ниту обид за провизии, ниту е нешто нелегално направено со кинеските вакцини

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk