ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Нема ниту обид за провизии, ниту е нешто нелегално направено со кинеските вакцини

April 28, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговорот на прашањето поставено на денешната седница за пратенички прашања од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески во однос на набавката на вакцини од Кина.

Појасни дека процесот на набавка на вакцини бил комплексен за сите земји во светот, не само за нашата и сите имале слични карактеристики, сите компании, производители, сите меѓународни системи и меѓународни институции, а тоа, подвлече Филипче, беше дека прво одеа според големината на пазарот и поантаму го запазуваа, по нивно инсистирање принципот на доверливост, нешто што не е невообичаено и во други делови, не само во здравството. Фармацевстките компании го задржаа ова право да ги имплементираат во сите земји во светот.

– Процесот на вакцинација одлично се спроведува во земјава, близу 55 илјади граѓани денеска веќе се вакцинирани. Функционира КОВАКС системот од кој сите ние многу повеќе очекувавме, за жал почна нешто покасно и сега се става во функција во сите земји во светот согласно правилната распределба согласно динамиката што е веќе соопштена. Во таа смисла во нашата земја во моментот има вакцини од производителот Астра Зенека, од Фајзер, Спутник и кинески вакцини дел од донација, а дел се очекуваат в петок наутро од 200 илјади вакцини, изјави Филипче.

Повтори дека кога се обидувале да ги контактираат компанииите, многу од нив не одговарале, а на 30 декември кога Фајзер соопштиле дека ќе дозволи да направат договор, и после три месеци требало договорот да се финализира на нивно барање. Филипче подвлече дека такви биле постапките, процедурите и правилата што важат насекаде во светот. Информира дека многу компании им кажале оти не се согласуваат да дадат вакцини за големина на пазар како нашиот.

– Кинеските компании во еден момент не одговараа на повиците, затоа најдовме фирми што не донесоа до производителите и воопшто не се фантомски. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, ние сме отворени и транспарентни во таа соработка и немаме што да скриеме, рече Филипче, додавајќи оти нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено и за никакви разлики.

– За сите вакцини од сите производители, сите одлуки за доверливост на затворена седница ги носеше Владата, на барање на компаниите на производителите кои не скаа да ги откријат цените. Тоа е политика на тие компании, истакна министерот Филипче.

Уште еднаш повтори дека системот на вакцинација одлично се спровеудва на вакциналните пунктови низ државата и здравствените домови.

извор: МИА

Next Post

МОН апелира до иницијаторите на бојкот: Таква одлука ќе значи директна штета за учениците

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk