ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Добро се спроведува имунизацијата, кинеските вакцини се очекува да стигнат утре

April 29, 2021 13:38
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вечерните часови се очекува кинеските вакцини против Ковид-19 да стигнат од Истанбул во Белград. По завршување на административните процедури ќе тргнат веднаш за Скопје и очекуваме да стигнат утре рано наутро, околу четири или пет часот. Но, верувам дека точно ќе знаеме кога ќе стигнат врз основа на тоа кога ќе се заврши таа процедура на белградскиот аеродром.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче по примопредавањето на мобилна клиника, донација од Турската агенција за координација – ТИКА.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Филипче рече дека процесот на имунизација оди добро, добро се спроведува, добро се идентификуваа до сега групите и верува дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

-Сега се мултиплицира капацитетот практично во овие пунктови за масовна имунизација ширум државата, во шесте града, освен Скопје, кај што се салите практично спремни да ги прифатат. Кадарот веќе овие денови ќе има и проба за тоа како ќе се синхронизира работата на лекарите и сестрите од повеќе ЈЗУ од околните градови во регионалните центри. Во таа смисла мислам дека вакцинацијата добро се одвива, нагласи Филипче. 

Тој информира дека вчера во салата „Борис Трајковски“ дадени се нешто под 5.000 дози на вакцини, 4.800 како прва доза и ревакцинација, заради тоа што сега тие два процеси таму се одвиваат. 

-Верувам дека и во другите градови исто ќе се спроведува процесот на имунизација, дека правилно ќе се распределуваат вакцините согласно стратегијата, односно најголем дел за повозрасните граѓани, еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура, а граѓаните од своја страна ќе покажат интерес што повеќе се пријавуваат на сајтот, заради тоа што тоа е најсоодветниот начин да се стигне до вакцината, објасни Филипче. 

Министерот Филипче соопшти дека се следи процесот на вакцинација и во околните земји и во некои европски земји и се согледуваат проблеми и предизвици се соочуваат кога станува збор за интересот за вакцинација. 

– Кампањите се еден знаачен момент и систем со кој ќе се зголеми интересот за вакцинација. Еден дел од кампањата е спремен, веќе се промовираше, ќе се амплифицира во текот на следната недела, очекуваме да започне и во следните недала или две и кампањата од страна на Владата, од Канцеларијата на Европската делегација, оној дел којшто е дел од помош од Светска Банка. Верувам дека во текот на мај силно ќе бидат видливи апелите и кампањите за граѓаните да аплицираат за вакцинација, рече Филипче. 

Прашан за метежот пред пунктовите за вакцинација, Филипче изјави дека  тоа е нешто што може да се изменаџира и додаде оти не е нешто значајно. Апелираше граѓаните да доаѓаат во закажаните термини и смета дека тоа нема да го оптовари системот на имунизација. 

извор: МИА

Next Post

Се обновува патот Маврови Анови-Жировница, инвестиција од 6,18 милиони евра

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk