ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Небрежноста на населението, неслогата на жителите, но и конфликтната легислатива резултира со неисправна вода од селските водоводи во Охридско

April 29, 2021 12:31
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Водата за пиење од селските водоводи на дел од селата и туристички населби во Охридскиот регион не ги исполнуваат критериумите за безбедност за пиење односно употреба во домаќинствата. Последните испитувања спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажаа дека водата од системите за водоснабдување во селата Велестово, Елшани, Мешеишта, Климештани, Требеништа и Свињишта не е соодветно третирана со дезинфекциско средство и согласно тоа не е безбедна за употреба.

Лидија Симоновска, специјалист по хигиена со здравствена екологија од Центарот за јавно здравје во Охрид појасни дека водата од односните селски водоводи не е микробиолошки загадена, но поради тоа што не е соодветно хемиски третирана истата не ги исполнува одредбите од Правилникот за безбедност на вода. Односниот Правилник налага дека водата не смее да се употребува за пиење, одржување лична хигиена како и хигиена на раце, се додека истата не се третира со хлорен препарат (дезинфекциско срество) или да се преврива 45-50 минути.

Што се однесува на изворите во селата Велестово и Елшани, Симоновска нагласи дека таа е чиста, здравствено безбедна за пиење.

Со слични проблеми се соочуваат повеќето населени места од охридскиот и дебрчкиот регион што имаат сопствени водоводни системи. Некои од проблемите се поради небрежност, несоодветно третирање на водата од системите со препарати, честопати во комбинација со неслогата на самите жители кои се со спротивставени ставови околу тоа дали некој друг треба да стопанисува со нивниот водовод.

Најчесто корисниците поврзани на селските водоводи се должни истите да ги одржуваат, што не секогаш се прави навремено и на правилен начин што доведува до хемиска неисправност на водата.

Проблемот околу водоснабдувањето и одржувањето на селските водоводи е покомплексен. Легислативата нецелосно или недоволно јасно ги одредува ингеренциите, овластувањата за раководење и одржување со истите. Тоа во комбинација со спорните прашања што произлегуваат од сопственоста или утврдувањето на тарифите според кои би се наплаќале услугите за одржување доведува до конфликтни ситуации.

Директорот на охридски „Водовод“ Светозар Стефановиќ појасни дека системите за водоснабдување во посочените, но и во повеќе други селски населби не се под нивна ингеренција, така што останува на самите жители да изнајдат начини како да обезбедат квалитетна и безбедна вода.

– Со тие водоводни системи не стопанисуваме и нe можеме да интервенираме. Немаме извршено ниту соодветна техничка анализа на системите за да се утврди дали воопшто истата може да биде дел од градскиот водовод, изјави Стефановиќ.

Тој истакна дека и да постои согласност од населението, но и од Општина Охрид, мошне важно прашање за евентуално преземање на системите е каков е дотурот на вода, од каде тие системи ја обезбедуваат водата, на каков начин се изведени каптажите, издашноста на изворите, нивната постојаност преку текот на годината…

– Во случајот на Велество ние воопшто немаме увид во каква кондиција е издашноста на каптираните извори и техничката состојба на водоводната мрежа во селото, изјави Стефановиќ.

Доколку и технички има можност за поврзување на населените места со централниот градски водовод, сето тоа треба да биде спроведено согласно процедурите што значи согласност и барање од населението. Жителите на населбите треба да се произнесат и да побараат нивните водоводи да бидат под ингeренција на градот односно „Водовод“, за што пак предуслов е соодветна техничка проверка дали тоа е вооопшто изводливо, како и соодветна одлука донесена од Советот на Општина Охрид.

Дијаметрално спротивен на случаите кога не постои едногласност кај населението од одредено село да го даде сопствениот водовод на стопанисување е примерот со селото Куратица. Сите жители преку Месната заедница побараа од Општина Охрид со нивниот водовод да стопанисува ЈП, но тоа се уште не е реализирано. Голема улога во епилогот зошто е тоа се уште така е поради недоследностите во законите што ја уредуваат проблематиката.

Во Законот за води постои одредба што ги попречува општините да го преземат целосното управување со водоводните системи, односно преземањето на водоводни мрежи изградени со месен самопридонес на жителите треба да се спроведе врз основа на договор склучен меѓу советот на општината и советот на месните заедници.

Жителите на Куратица пак од своја страна се повикуваат на Законот за стопанисување со води и комунални дејности според кој Општината под која спаѓа населеното место е должна да обезбеди безбедна вода за пиење односно со нивниот систем да стопанисува соодветен правен субјект – овластени лиценцирани претпријатија односно фирми.

– Ние имаме проблем со одржување на хемиско-биолошка чистота на водата, испративме барање до Советот, до Општината, до градоначалникот и до ЈП „Водовод“ да ги утврдиме условите под кои градското јавно претпријатие би го одржувало системот, се разбира со соодветна соодветна наплата на услугите. Градскиот Совет на седница одржана во декември минатата година задолжи да се формира Комисија што ќе утврди во каква состојба се наоѓа изградениот месен водовод во Куратица. Досега такво нешто нешто не се случило, изјави Горан Мицкоски од Месната заедница Куратица.

За да бидат работите уште посложени, според постоечката легислатива месните заедници не фигурираат како правни субјекти така што селскиот водовод што самите го изградиле практично е без стопан.

– Ние доколку би имале право како субјект да стопанисуваме со нашиот водовод, би изнашле овластена компанија што би го опслужувала и одржувала системот за соодветен надомест. Побаравме да ни биде делегирано тоа право, но тоа постоечката легислатива не го дозволува, вели Мицкоски.

Проблемот со квалитетот на водата од т.н. селски водоводи е особено силно изразен кога поради осцилациите на дотоците на вода наметнати од хидролошката состојба доведува до неисправност на водата од системите и забрана за користење во домаќинствата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025
Скриншот

Арагчи: Нуклеарната програма на Иран стана прашање на национална гордост и слава

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk