Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутрината во Скопје кои најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во уште шест градови низ државата по што се очекува со нив од вторник да стартува масовната вакцинација и дневно да се вакцинираат помеѓу 10.000 и 15.000 лица.
Тетовско Теарце пример за соживот и подобрување на животот на село. Сегашниот состав на месната заедница која функционира од jули 2020 година брои 11 членови и има претставници на сите заедници.
Претседателот Стево Пендаровски не планира да даде помилување на осудените лица за настаните врзани со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
Подготвителен период за аплицирање за финансиска поддршка преку мерката седум од ИПАРД 2. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони.
Тоа што денес зборуваме за случаи за обвинети актуелни функционери ја потврдува отвореноста, транспарентноста, неселективноста, бескрупулозноста, односно потврдува дека нема заштитени, нема недопирливи, во оваа слобода и демократија кои што ги донесовме, институциите треба да работат, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.
Од 29 април започна гласањето за „Европејци на годината“ во три категории: Здравствени работници, Заштита на животна средина, Млади активисти.
Стоте дена на Џо Бајден. Громогласниот аплауз сочинет и од Демократи и од Републиканци кои ја одобри историската глетка на сцената, потврди, меѓу другото и дека Америка полека заздравува од економската и здравствената криза и дека посветли денови се на повидок.
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, не успеа да обезбеди пратенички мандат на парламентарните избори, што се одржаа на 25 април во Албанија. Стерјовски, беше на 12-то место на кандидатската листа на Социјалистичката партија во изборната единица Корча.
Индија повторно собори црн дневен рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, кој исто така е и негативен светски рекорд – регистрирани се 386.452 случаи, а починале 3.498 лица, соопшти Министерството за здравство.
Неколку десетици луѓе загинаа во голем метеж на верски фестивал во Израел, соопштија здравствените работници. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата – „голема трагедија“. (ВИДЕО)
Тренерот на Арсенал, Микел Артета верува дека неговиот тим може да ја надополни негативата од еден гол по првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа со Виљареал (1:2).





