Од 29 април започна гласањето за „Европејци на годината“ во три категории: Здравствени работници, Заштита на животна средина, Млади активисти.
Гласајте ТУКА
Во првата категорија „Европејци на годината“ – Здравствени работници. Како претставници на сите кои се во првите редови во борбата со вирусот и предизвикуваат восхит со нивната работа:
Денис Јанкуловски, Кристина Скепаровска и 3Д Принт Медицинска Опрема
Номинирани во категоријата за Заштита на животната средина за наградата „Европејци на годината“ се: Гоу Грин, О2 Иницијатива и На Точак|Na Tochak
Номинирани за наградата Европејци на годината е МЛАДИ кои активно учествуваат и придонесуваат во правењето позитивни промени во општеството:
Beatrix Crew, Александар Матовски – Цако (Jас сум Цако – I am Cako) и Бленди Ходаи се одлика на вредностите кои вреди да ги негуваме – единство, солидарност и слобода.
Наградата „Европeјци на годината“ им оддава признанија на поединци или организации кои дале огромен придонес во својот домен.
Правила за гласање: Можете да гласате по еднаш, за еден кандидат во секоја категорија. Гласањето ќе трае до 5 мај. Победниците ќе бидат објавени на Денот на Европа, 9 мај.
Ј. Ѓ.