Како што информира Европската комисија, во вторник Вархеји ќе ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово. Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 со финансиски средства од Европската Унија.
Хакиран е мобилниот телефон на албанскиот претседател Илир Мета и злоупотребен со испраќање смс пораки како да се од него, информираше портпаролот Теди Блуши. Осудувајќи го овој чин, рече дека тоа се очајни дела на оние кои ги „купиле и украле пратеничките мандати“.
Пожар избува попладнево во шумата во близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово. Пожарникарите дошле со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а во гасењето на пожарот им помагале вработените.
Во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19. Како оздравени се регистрирани 594 пациенти, а починати се 37 лица.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од сабота, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат.
Администрацијата на Бајден-Харис покажува силна поддршка за НАСА во првите 100 дена. Некои од постигнувањата во првите 100 дена на Бајден поврзани со НАСА се, доделен буџет од 24.7 билиони долари за НАСА, за прв пат е експониран камен од месечината во Овалната Канцеларија и многу други… Исто така Бајден се заколнал дека жена и личност со „поинаква боја на кожа“, ќе биде лансирана на Месечината.
М. Миткоска





