Пожар избува попладнево во шумата во близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово, информира Независен.мк.
Гостите во хотелот се евакуирани.
Пожарот е локализиран и речиси изгаснат, сведочат дел од гостите во „Аурора“. Пожарникарите дошле со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а во гасењето на пожарот им помагале вработените во хотелот.