ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион со нов рок – работите ќе почнат кон средината на мај

May 2, 2021 10:29
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Чистењето на ѓубриштата и нестандардните депонии во општините од Источниот и Североисточниот плански регион треба да започне кон средината на мај, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Работите за затворање на овие горливи точки што ја загадуваат животната средина е повторно одложена, а последното објаснување беше дека во првата тендерска постапка не била избрана компанија како најдобар понудувач, по што се повторила постапката за избор на надзор над работите.

Инаку, во 18-те општини од овие два региона, во првичната фаза ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински депонии, при што за изведба на работите веќе се избрани две компании од Германија и Турција. Притоа, само чистењето и рекултивирањето на нестандардните општински депонии ќе чини околу 10 милиони евра. На оние локации каде што има дел на приватно земјиште, паралелно со затворањето на нестандардните депонии, ќе се врши и постапка за експропријација на земјиштата, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Покрај чистењето на локациите од натрупаниот отпад и рекултивирањето на локациите, во иднина општините и јавните комунални претпријатија од овие два региона ќе имаат јасни ингеренции за одржување на овие места, за што веќе се потпишани договори со посебни обврски за нив.

Еднаш годишно, јавните комунални претпријатија од овие општини ќе мора да вршат мониторинг на подземните води и визуелна проверка на теренот, да ја одржуваат оградата и каналот за атмосферски води на затворената депонија. Два пати годишно, тие се должни да вршат сечење на тревата и топографско набљудување во однос на слегнување на телото на депонијата и стабилноста на прекривката. По осмата година од затворањето на депонијата, општините преку јавните претпријатија се должни еднаш годишно да продолжат со мониторингот на подземните води и топографското набљудување на депониите.

Целокупната постапка за чистење на ѓубриштата и затворање на нестандардните депонии требаше да почне по изборот на двете компании што треба да го вршат надзорот над работите, а што беше планирано да се случи до крајот на февруари. Наместо во март, почетокот на постапката се одложи за крајот на април, а сега новиот зададен рок е средината на мај.

Next Post
Грција. Фото: МИА

По шест месеци утре се отвораат угостителските објекти во Грција – без музика и само надвор

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk