ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

По шест месеци утре се отвораат угостителските објекти во Грција – без музика и само надвор

May 2, 2021 10:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Грција. Фото: МИА

Грција. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Само во надворешните делови, без музика, со ограничено работно време до 22,45 часот, под строги протоколи утре, по пауза од точно шест месеци, во Грција повторно се отвораат угостителските објекти, а во изминатите денови, особено пред Велигден, сопствениците интензивно работеа на подготовките, јави дописничката на МИА од Атина.

Со отворањето на кафулињата, рестораните и таверните, дополнително се скратува полицискиот час, па од утре ќе биде од 23, наместо од 22 часот.

Угостителските објекти ќе работат под конкретни протоколи, само во летните тераси, забрането е стоење, дозволено е најмногу шест лица на една маса, а масите треба да бидат на растојание од 0.90 до 1.80 см, во зависност од поставеноста на столчињата.

Маската е задолжителна за персоналот, а постои силна препорака да ја користат и посетителите.

За вработените задолжителен е селф тест, односно тест за домашна употреба два пати седмично, а трошоците за еден од тестовите ќе ги покрива државата.

Летна тераса во Грција. Фото: МИА

Откако беше соопштен датумот на отворање, сопствениците работат под полна пареа: бојадисување, средување, но и мерење на растојанието меѓу масите.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, велат дека за утре сѐ ќе биде подготвено, иако изразуваат незадоволство што не е дозволена музика.

-Уште од минатата седмица почнаа да се јавуваат за резервации. Очигледно на граѓаните толку  многу им недостасуваа угостителските објекти, што сакаат на време да си обезбедат маса и не сакаат да ризикуваат, вели сопственик на таверна.

Во Атина, постојат кафулиња кои одлучија да го одложат отворањето, бидејќи не се согласуваат да работат без музика.

Сопствениците коментираат дека за нив, важно е што ќе отворат, но велат дека она што е најважно е повторно да не бидат затворени.

Од почетокот на пандемијата, во изминатите 15 месеци, угостителите во Грција беа затворени вкупно осум месеци, два за време на првиот и шест за време на вториот карантин.

Отворањето на угостителските објекти, не значи и крај на карантинот во земјата, воведен на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и за одење на кафе/пијалак или во ресторан, граѓаните ќе треба да испратат смс порака, нешто што е веќе секојдневие во Грција во изминатите шест месеци.

Во рамките на владиниот план за постепено олабавување на мерките, по угостителските објекти, од следниот понеделник на 10 мај во училишните клупи се враќаат сите ученици, додека пак за 15 мај е закажан официјалниот почеток на туристичката сезона.

Заедно со туризмот, ќе се отворат и организираните плажи, по над шест месеци ќе се укине испраќањето смс пораки за движење на граѓаните и ќе биде дозволено патување меѓу региони.

 

Next Post

Бугарија се подготвува за нови избори, не успеа и третиот обид за формирање на Влада

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk