Бугарија оди кон нови повторени избори веќе во јули, откако не успеа третиот и последен обид за формирање влада, пишува Bloomberg.com.
Социјалистите, кои завршија на третото место на неубедливите парламентарни избори на 4 април, во саботата одбија да го претстават кабинетот по два претходни обида за формирање влада, вклучително и еден од партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. Иако Борисов освои најмногу гласови во април, тој не успеа да собере поддршка за четвртиот мандат, бидејќи другите партии го одбегнуваа поради обвинувањата за мито, што тој ги негира.
Според уставот, ќор-сокакот го обврзува претседателот Румен Радев да го распушти парламентот, да назначи привремена администрација и да одреди датум за повторни избори.
Политичките превирања во Бугарија се продлабочуваат и поради тоа што владата се подготвува да распредели милијарди евра средства од Европската унија за надминување на пандемијата на коронавируси и се подготвува за усвојување на еврото во 2024 година. Анкетите покажуваат дека ГЕРБ на Борисов и партија против естаблишментот предводена од водителот на ток-шоу Станислав Трифонов се многу блиску – „си дишат во врат“.