ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Италијанска музичко-поетска вечер во Филхармонија на „Скопје брас фестивал“

May 20, 2026 11:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 19 часот, ќе се одржи музичко-поетската италијанска вечер насловена „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“. Концертот е дел од годинешното издание на „Скопски Брас Фестивал“.

Како солист на труба ќе настапи еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, придружуван од ИД Камерниот оркестар под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска. На програмата се филмски ремек-дела од легендарните италијански композитори Енио Мориконе и Нино Рота.

Музичкиот дел ќе биде надополнет со поетски сегменти, при што како рецитатор ќе се претстави музикологот и писателка Тина Иванова. Програмата вклучува поезија инспирирана од творештвото на Франциск Асишки и Луиџи Пирандело, како и читање на поемата „Сакај го животот“ од Мајка Тереза. Годинава се одбележуваат 800 години од смртта на Франциск Асишки, чија „Песна на созданијата“ (напишана околу 1224 година) е првиот поетски текст на народен италијански јазик. Воедно, се одбележуваат и 90 години од смртта на нобеловецот Пирандело, чии размисли за љубовта го отвораат тематскиот контекст на настанот.

Настанот е воден од темата „Љубовта и сите нејзини облици“, која е основа на културната програма за 2026 година на Амбасадата на Италија во Скопје. Реализацијата на овој проект е поддржана од Италијанската амбасада во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград.

Next Post

Добрила и Дориан го промовираат својот трет албум „Wind To Blow“, концертната премиера закажана на ОФФест

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk