ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

​„Студентарија“ алармира: Студентите во реновираните домови ќе плаќаат поскапо сместување

May 19, 2026 18:18
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во тек е постапка за носење измени и дополнувања на Законот за студентски стандард. Предлог-законот бил поднесен на 14 мај годинава од група пратеници, но клучно е тоа што законот ќе се носи по скратена постапка, информираат од студентската платформа Студентарија

Скратената постапка означува дека законот се носи без подолга јавна расправа и повеќекратни читања во собраниските комисии, за разлика од редовната процедура.

„Иако предложените измени не претставуваат целосна реформа на студентскиот стандард, сепак носат неколку конктретни промени кои директно би влијаеле врз студентскиот живот, особено во делот на студентските домови, партиципацијата што ја плаќаат студентите и стипендиите“, велат од Студентарија.

Како најзначајно, со измените е предвидено категоризирање на студентските домови во Тип 1 и Тип 2, соопштуваат од Студентарија, нагласувајќи дека Тип 1 се однесува на домовите кои се реконструирани и енергетски ефикасни, додека Тип 2 се однесува на постоечките домови кои ги исполнуваат стандардите, но не биле реконструирани.

„Оваа промена не е само администритативна, туку дирекно ќе влијае врз тоа колку плаќаат студентите“ изјавија од Студентарија.

Според предложените измени, кај домовите од Тип 1, Министерството за образование и наука ќе покрива до 40 отсто од сумата за сместување и исхрана, а преостанатото ќе го плаќа студентот, додека кај домовите од Тип 2, МОН ќе покрива како и досега, до 50 отсто.

Од Студентарија наведуваат дека со овие измени, студените сместени во реновираните домови би плаќале поскапо од оние во нереновирани.

„На пример, со оглед на тоа што Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје е реновиран и би спаѓал во Тип 1, според предложените измени студентите таму наместо досегашното учество би покривале поглолем дел од вкупната цена за сместување и храна. Истото би важело и за студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“, кои се во процес на реновирање и треба да бидат во употреба од следната акдемска година“, посочуваат од Студентарија.

Од таму потсетуваат дека реконстукцијата на студентските домови се одвива со помош на кредити и грантови од европски финансиски институции и се обезбедени десетици милиони евра, при што дел од парите државата треба да ги врати, а дел се неповратни.

Од студентската иницијатива „Студентарија“ информираат дека со новите измени се предвидува промена и во моделот за доделување студентски стипендии, при што ќе се намали уделот на стипендии за студенти од социјална категорија, а ќе се зголеми бројот на стипендии за студиски програми што државата ги смета за стратешки значајни.

Според досегашниот модел, 49 отсто од стипендиите биле наменети за студенти од социјална категорија, 30 отсто за студенти со висок успех, 20 отсто за студенти од природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки, додека 1 отсто биле резервирани за идни наставници.

Со предложените измени, 40 отсто од стипендиите ќе бидат наменети за студенти од социјална категорија, лица со попреченост и ретки болести, 35 отсто за студиски програми од стратешки интерес за државата, а 25 отсто за студенти со значителни академски постигнувања.

Извор: Мета.мк

Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Четири града во трка за организација на Евровизија во Бугарија

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk