ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Гејтс: САД наскоро ќе почнат да даваат вакцини на другите земји

May 4, 2021 22:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мелинда Гејтс, коосновачка на една од најголемите добротворни организации во светот, смета дека властите во САД мошно скоро ќе донесат одлука колку од своите резерви на вакцини може да донираат на другите земји на билатерална основа и во рамките на глобалната иницијатива Ковaкс. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Гејтс кажа дека не треба да се чека додека биде вакцинирано целото население на САД и дека американските власти ја сфаќаат неопходноста од вакцинација на целиот свет за запирање на пандемијата. 

-Мислам дека властите на САД ги оценуваат своите резерви на вакцини и решаваат колку треба да се даде во рамките на Ковaкс или на билатерална основа, затоа сметам дека ќе набљудуваме некакви движења во тој правец, изјави Гејтс во интервју за денешен Фајненшал тајмс.

Интервјуто е направено пред денешната објава дека Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. 

Според неа, богатите земји не треба да чекаат да биде вакцинирано целото население се до малолетниците, па потоа да ги споделуваат дозите со посиромашните земји со понизок стандард. Таа предлага да се направи некаков возрасен дијапазон, од 20 до 30 години.

Мелинда Гејтс истакна дека треба да се засили предавањето на технологија за производство на вакцините.

-Моментално, главниот прoблем е поврзан со производството. Имаме недоволно ресурси за производство, недоволно капацитет во местата каде што треба, а земјите кои имаат свое производство прават резерви на вакцините. Тоа треба да се смени, изјави таа. 

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е една од највлијаталните организации во светот на здравството на глобално ниво и лани издвои околу 1.75 милијарди долари за борба против Ковид-19. Сопружниците раководат со фондацијата заедно.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ: Ако сакаме напред опозицијата мора да се откаже од блокирањето како стратегија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk