Ако сакаме да одиме напред, да ги усогласиме законите со ЕУ, да носиме добри одлуки во овие кризни времиња, потребно е да се намалат тензиите и да се воспостави дијалог, а опозицијата да се откаже од блокирањето како политичка стратегија“ изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Објектив“ на МТВ.
Тој објасни дека Поглавјата 23 и 24 од преговорите за ЕУ се клучот, бидејќи со нив се отвораат преговорите и со нив се затвораат, а Собранието е важен партнер во исполнување на условите во тие поглавја. „Имаме одлична соработка со претставниците на Собранието, јас сум претставник на Владата на собраниската координација и соработката е добра се до оној дел додека не дојде до блокада од опозициските партии. Се соочуваме со илијадници амандмани. Блокирањето е лошо за државата – едно е да блокирате одредени закони, а друго е да го блокирате цело Собрание“ изјави Маричиќ. Министерот додаде дека има можности во Собранието брзо да течат прашањата поврзани со европското законодавство, доколку за тоа има волја