ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Започна масовната вакцинација во повеќе регионални центри, се намалуваат новите случаи од Ковид-19, одбележани 118 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Одбележани 118 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Покрај делегациите на државните институции, во чест и сеќавање на Гоце Делчев цвеќе положија и здруженија и граѓани.

Катерина Колозова реагира на бојкотот на родителите против дигитализацијата на учебниците: „Никој не може да ме убеди дека младите не го сакаат ова и дека родителите-штаботоми не инструираат на бојкот.“

Во ФРОНТ, Сашо Орданоски: Кој мисли зло не пее „На времето – што ќе рече, пред дамнешни 3-4 години – во сите релевантни домашни и меѓународни извештаи, регистерот на реалното загрозување на слободата на медиумите во Македонија се движеше од селективно делење големи државни пари, преку државни закани, малтретирања и затворања, до разни видови институционални шиканирања. А, денеска?“

РЕНДГЕН: Кабина

Автор: Tommy Thomdean / Индонезија

Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Институт за јавно здравје: Намалување од 40 отсто на нови случаи од Ковид-19 и 21 отсто помалку починати, споредено со претходната недела.

ЕК и Берлин со јасна порака – почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што поскоро. Европската комисија со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време, рече портпаролката за проширување на Европската комисија Ана Писонеро.

На денешен ден пред 41 година почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Нови парламентарни избори се сè позивесни во Бугарија и според локалните медиуми, се разгледуваат три опции за датумот на предвременото гласање за нови парламентарци откако партијата БСП, според најавите, ќе го врати мандатот за состав на влада откако ќе го добие утре.

На 140 пунктови денеска во Црна Гора почнува масовна имунизација на населението против Ковид-19 со кинеската вакцина на Синофарм. Граѓаните без закажување ќе можат да се вакцинираат.

Етереум, втората најголема криптовалута во светот, достигна нова рекордна вредност од 3.456,57 долари, зголемувајќи ја својата цена за околу 360 проценти од почетокот на оваа година, објави Си Ен Би Си повикувајќи се на најновите податоци на веб-страницата KoinDesk.

Надвозник се урна во главниот град на Мексико во време кога метро минувало нa него при што загинаа најмалку 13 луѓе и над 70 се повредени (ВИДЕО)

Милјардерот и филантроп Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда синоќа објавија дека се разведуваат по 27 години брак.

J. Ѓ.

Next Post

Шилегов до ДКСК: Проверете ги наводните нерегуларности при набавката на противпожарната скала

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk