ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Поддршка од наставниците: Промените во основното образование ќе обезбедат придобивки и за помалубројните етнички заедници

May 4, 2021 14:01
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Промените кои ќе му се случат на основното образование кај нас со почетокот на следната учебна година се добри за целото општество. Она што имавме прилика да го видиме, а видовме многу, имајќи предвид дека целиот процес на конципирање на промените се одвива на транспарентен начин и со учество на сите засегнати страни, се работи за промени кои ги следат глобалните образовни стандарди и треба да донесат квалитет кај нас.

Ова е ставот на наставничката Сарита Јашарова од ОУ „Браќа Рамиз – Хамид“ во општина Шуто Оризари, која изразува целосна поддршка на реформите, вклучително и на дигитализацијата на учебниците.

Таа смета дека, ако дигитализацијата на учебниците не е проблем во многу други земји, тогаш не гледа причина тоа да не успее кај нас, затоа што, како што вели, нашите деца и нашите наставници не се ништо поразлични во однос на учениците и наставниците во тие земји. Вредноста е идентична.

„Од друга страна пак промените ќе донесат придобивки особено за помалубројните етнички заедници во Северна Македонија. Ако во минатото немало интерес или можност да се обезбедат учебници за било кој од другите јазици на кои се реализира наставата, сега тоа е законска обврска. Учебниците стануваат достапни на сите јазици на кои официјално се реализира наставата во училиштата со што учениците се доведуваат до рамноправност во тој дел.“, додава Јашарова.

Наставничката по предметот „Јазик и култура на Ромите“ вели и дека дигиталните учебници можат лесно да се ажурираат со податоци, така што повеќе ќе нема застарени учебници, а воедно од голема важност е што тие стануваат инклузивни, достапни во аудио формат, како и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Јашарова смета дека иако дел од граѓаните често знаат да дадат отпор кон промени, очекува овие образовни реформи да бидат широко прифатени, затоа што се работи за промени кон подобро и за подобра иднина на децата.

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Тито не беше бајка, ниту Гоце бил Царот од „101 приказна“...

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk